Миомот на матката обично не дава никакви симптоми, но кога ќе дојде до руптура, односно п укање, веднаш треба да се обратите на лекар. Миомите се вид на бениген тyмоp кој се развива во или околу матката.




Повеќето жени воопшто не знаат дека имаат миоми, бидејќи тие често не даваат никакви симптоми. Тие можат да бидат составени од мускулно или фиброзно ткиво и се разликуваат во голема мера по големината.




Само секоја трета жена доживува ретки симптоми, како што се обилна или б олна мен-струација, б олки во стомакот или долниот дел на грбот, можен запек и б олка или непријатност за време на од-носот.




Во ретки случаи, миомите може да предизвикаат неплодност или да влијаат на бременоста. Бидејќи често не даваат никакви симптоми, лекарот ги открива при рутински преглед и секогаш може да се потврди нивното постоење со ултразвук.




Точната причина за појава на миомите не е позната, но обично е поврзана со естрогенот. Најчесто се развиваат во репродуктивната возраст кај жените (помеѓу 16 и 50 години) кога естрогенот е на својот врв.




Кога неговото ниво се намалува, како што се случува во менопаузата, миомите обично се намалуваат. Кај дебелите жени, естрогенот е поголем, па затоа кај нив се почести миомите. Ако тие не предизвикуваат проблеми, миомите не треба да се третираат.




Многу често тие ќе се намалуваат со текот на времето. Но, ако имате неугодни симптоми кои што тие ги предизвикуваат, тогаш вашиот доктор треба да предложи терапија. Доколку таквата терапија не даде резултати, достапни се хиpypшки или некои други, помалку инва-зивни процедури.




Ако дојде до пу-кање на миомот, се јавува акутна абдоминална (стомачна) б олка, како и малку покачена температура. Меѓу причините се зголемен притисок во стомакот, зголемен кр-вен притисок во вените кај трудниците, но и потенцијална пов-реда.




Бидејќи некои миоми се прикачени на телото на матката со „дршка“, нејзиното кинење доведува и до одвојување на миомот, а истото се случува и кога миомот станува поголем од самиот кр-вен сад што го снабдува и кој повеќе не може да го издржи.




Терапијата, во овие случаи, ќе се фокусира на запирање на кр-варењето, со напор да се зачува матката, особено кај помладите жени и оние кои сè уште не родиле. Минимално инва-зивна процедура е емболизација на матката, која се изведува во блага седација и трае околу еден час.