Цвеклото е исклучително богато со витамини и минерали и се смета за многу корисно за здравјето. Од минерали цвеклото ги содржи речиси сите: калциум, калиум, натриум, фосфор, магнезиум, железо, флуор, манган, бакар, јод, сулфур, литиум, стронциум, бром…




Богато е и со витамини, а најзастапени се витаминот Б1 , Б2, Ц, како и исклучително реткиот витамин во растителната храна, Б12. Добар е за работата на црниот дроб, го забрзува метаболизмот, па се препорачува за оние кои сакаат да ocлабат, а има само 40 калории во 100 грама.




Благодарение на антиоксидансите, редовното конcyмирање свежо цвекло ги отстранува ток-сините од телото, а исто така го намалува холестеролот. Покрај тоа, овој зеленчук помага за нормализирање на мен-струалниот циклус, и го враќа балансот на хормоните.




Меѓу другото помага за зајакнување на коските и зглобовите, подобрување на активноста на кардиоваскуларниот систем, обновување на клетките на црниот дроб, подобрување на видот… Сепак, рускиот лекар Михаил Кутушов предупредува дека цвеклото може да биде штет-но во некои случаи.




„Поради големото количество на хлор во составот, прекумерното конcyмирање цвекло може да предизвика иритација на слузокожата, пецкање и б олки во грлото. Доколку чувството на пе-чење не поминува подолго време, тоа значи дека дошло до алергиска реакција.




Може да се појават осипи, отекување на респираторните opгани, лимфните јазли може да се зголемат, па дури може да се јави и треска“, рече тој и посочи во која комбинација цвеклото е особено штет-но.




„Подобро е да се воздржите од омилената салата која многумина ја приготвуваат, а тоа е: цвекло со лук и мајонез. Овде нема да зборувам за штет-носта на сосот, многу се пишуваше за тоа во изминатиот период, но комбинацијата на цвекло и лук е доста опас-на, бидејќи значително го зголемува оптоварувањето на срцето“, вели доктор Кутушов.




Тој посочи дека при внесувањето на цвекло треба да внимаваат луѓето кои боледуваат од теш-ки заболувања на гастроинтестиналниот тракт, бубрежна инсуфициенција и камен во бубрег, како и оние кои се склони кон дијареа. Исто така, цвеклото треба умерено да го конcyмираат лицата со низок притисок бидејќи тоа исто така, влијае врз намалување на кр-вниот притисок.




Како е поздраво цвеклото: сирово или варено? За време на термичката обработка, повеќето овошја и зеленчуци губат витамини и корисни својства, па ниту цвеклото не е исклучок:

Karen Mardahl / Flickr.com




За време на процесот на готвење, количината на витамин Ц, како и Б5 и Б9, се намалува речиси на нула. Свежото цвекло има помалку калории и малку помалку прости јаглехидрати, па оние кои се грижат за ли-нијата подобро е да ја изберат оваа опција.