Вкусна и здрава погача која е лесна за правење, а уште полесна за јадење. Многу е вкусна и декоративна, па сигурно и децата ќе ви ја обожаваат. Ова е уште еден вкусен начин за да им послужите зеленчук, на малку поинаков начин.
Потребни состојки: 400 г тиквички, 100 г моркови, 250 г свежо сирење (или урда), 4 јајца, 95 г гриз, сол, црн пипер по вкус
Постапка: младите тиквички со мека лушпа не треба воопшто да се лупат, само добро треба да се измијат. Ако имаат тврда кора, ќе треба да ги излупите. Морковот и тиквичките изрендајте ги на ренде или во мултипрактик за 10 секунди е готово.
Изренданиот зеленчук ставете го во сад, па посолете со 2-3 лажички сол и 1 лажичка црн пипер. Сето измешајте го, а потоа преку сè ставете 4 цели јајца, 250 г свежо сирење и 95 грама гриз. Соединете ги сите состојки во полутечна смеса.
Калап или огноотпорен сад намастете го и малку набрашнете го (ако ставите хартија за печење ќе се залепи, испробано), а потоа смесата истресете ја внатре.
Рамномерно распоредете ја и ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени околу 30-40 минути.
Погачата со тиквичките и сирењето можете да ја послужите топла или ладна, посебно или заедно со друго јадење. /kuharica.kontin.info. Сигурно ќе ви се допадне и следниот рецепт за брза излиена пита со спанаќ:
Најдобрата излеана пита со сирење и спанаќ – брзо и лесно се приготвува
Излиената пита со два вида сирење и спанаќ е најдобрата, најбрзата и најлесната пита. Многу е вкусна и успева секој пат!
Потребни состојки: 300 г исечкан спанаќ, зовриена вода, 4 јајца, 100 г изрендана гауда/кашкавал, 250 г издробено фета сирење, 150 г цврст јогурт, 100 г сончогледово масло, 150 мл млеко, 200 г брашно и 1 лажичка прашок за печиво
Постапка: Прелијте го спанаќот со врела вода и оставете го на страна 10-тина минути за да омекне. Намастете плех со величина 20х30 см, а рерната вклучете ја да се загрева на 180 со вентилатор или 200 степени без.
Изматете ги јајцата, додајте цврст (густ, како кисела павлака) јогурт, масло и млеко, па добро промешајте за да се изеначи смесата. Прашокот за печиво измешајте го во брашното, па заедно промешајте во смесата од јајца.
Убаво промешајте. На крај додадете го исцедениот спанаќ (убаво исцедете го од вишокот вода) и промешајте за да се соединат состојките. Добиената смеса излејте ја во приготвениот плех и ставете да се пече во претходно загреаната рерна околу 35-40 минути.