Фотографија и рецепт на Јасна Јаца
За мерење се користи шолја од 200 мл.
Потребни состојки: 4 јајца, 1 прстофат сол или по вкус, 1 ½ шолја палента, 1 шолја брашно, ½ шолја масло, 1 шолја млеко и ½ прашок за печиво.
И уште: варени моркови пресечени на половина, кисели краставички надолжно пресечени, маслинки, виршли цели, црвена пиперка исечена на четвртинки, а секоја четвртинка исечена на три делови, моцарела топчиња и италијански зачин околу една лажица
Постапка: изматете ги јајцата, посолете ги, па додајте ги друготе состојки. Убаво промешајте, а добиеното тесто оставете го 10 минути да одмори. За тоа време сварете ги морковите па исечете ги. Исечкајте ги и останатите состојки.
Калапот за леб обложете го со хартија за печење. На дното ставете околу две кутлачи од тестото, наредете моркови, па ставете една кутлача тесто.
Наизменично редете ги сите состојки додека да се потроши целата количина. Одозгора наросете со сув италијански зачин или нешто по ваш вкус, па ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени околу 40 минути.