Фото и рецепт: Зорка Јанчева

Драги мои домаќинки, домаќини и вредници, оваа сендвич торта многу е вкусна и убава за свечени денови.

Потребни состојки:

6 конзерви туна

½ црвен пиперка

4 кисели краставички

1 главица црвен кромид

1 парче праз 20 см

Црн пипер, сол по вкус

1 чешне лукче

1 литро кисела павлака

3 лажици мајонез

Постапка:

Сите состојки се дробат ситно, па потоа се мешаат со киселата павлака и мајонезот. Потоа се редат лепчињата (квадратчиња, без тврда кора или кората да им се потсече правилно) во еден слој, па се премачкуваат со филот, и се така се реди додека да се потрошат состојките (по 4 реда лепчиња и фил). Одозгора украсувате по желба.