СЕЛСКИ ПАЛАЧИНКИ ЗА 5 МИНУТИ: Со 1 јаболко и 1 јајце, се топат во уста! Брз и едноставен десерт кој на сите ќе им се допадне…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
1 јаболко
1 јајце
2 лажици шеќер
прстофат сол
150 грама цврст јогурт/кисела павлака или 2/3 чаша
140 грама брашно или 2/3 чаша + 1/4 чаша
1/2 лажиче прашок за печиво
ПОСТАПКА:
Во подлабок сад изматете го јајцето со шеќер и прстофат сол, па додајте го јогуртот и соединете.
Потоа сипете го ренданото јаболко и уште еднаш промешајте. Брашното просејте го и помешајте го со прашокот за печиво, па сипете го во смесата и промешајте, да нема грутчиња.
Во нелеплива тава загрејте малку масло на умерена температура, па со лажица црпете од смесата и спуштајте во тавата.
Пржете ги палачинките по неколку минути од двете страни додека убаво да заруменат.
По желба одозгора посипете ги со шеќер во прав и уживајте во нивниот вкус. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.