Секој сака уште едно парче…Тортата „Пани Валевска“ со крем помеѓу двете меки кори…Се топи во уста…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (за калап 35х26 см):

100 г путер
100 г шеќер
4 јајца
50 мл млеко
150 г брашно
1 лажичка прашок за печење
200 г шеќер
80 г бадемови снегулки (бадеми на листови)
2 прстофати сол

За крем:
2 јајца
100 г шеќер
50 г скроб
500 мл млеко
100 г путер
ванилин шеќер
250 г маскарпоне или друго свежо сирење

ПОСТАПКА:

1.Пенасто изматете го путерот со шеќерот, па додајте 4 жолчки и изматете додека да се соединат во путерот. Додека непрекинато матите со миксерот постепно додајте го млекото.

2.Додајте го просеаното брашно помешано со прстофат сол и прашок за печиво, па изедначете. Тестото истресете го во плех обложен со хартија за печење, распоредете го рамномерно во тенок слој и израмнете.

3.Во белките додајте прстофат сол и пенасто изматете ги. Постепено додавајте го шеќерот и матете додека да добиете цврст снег. Распоредете го врз првиот слој, направете нерамнини и одозгора посипете ги бадемовите снегулки.

4.Печете во загреана рерна на 180 степени првите 10 минути, па намалете на 150 и допете ја целувката уште 30 минути. Оставете да се лади во рерна со сосем малку подотворена вратничка.

5.Во тенџере измешајте ги јајцата со скробот, шеќерот и млекото, па доведете до вриење и варете со непрекинато мешање на умерена температура додека да згусне.

Додајте го путерот и ванилата, па мешајте додека да се растопи и инкорпорира.

6.Кремот оставете го настрана да се олади прво на собна температура, а потоа и во фрижидер. Оладениот крем пенасто изматете го и соединете го со маскарпонето.

7.Оладената кора пресечете ја на половина. Филот нанесете го врз едната кора и одозгора поклопете со другата кора. Тортата оставете ја 2 часа пред послужете ја. Постапката погледнете ја ОВДЕ.

https://youtu.be/RJi85P-23uI?si=hA7xjMyVFUsba_eT