СЕКОЈ ДЕН ОБИЛНО ЌЕ СЕ ПРАЗНЕТЕ…КОЛАЧ-ЧЕТКА…Ги чисти цревата…вкусен десерт со суво овошје, без бел шеќер, без масло…
Во свет каде што свеста за здравата станува сè поприсутна, наоѓањето алтернативи за засладените задоволства е потрага по која многумина се впуштаат.
Една таква алтернатива е овој прекрасен десерт кој не само што е умерено сладок, туку е и без додаден шеќер, изобилува со диетални влакна кои ќе делуваат како четка за вашите црева, а истовремено ќе ве одржуваат сити. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
Урми – 100 г
Суви сливи – 70 г
Сува брусница – 45 г
Суво грозје – 50 г
Суви кајсии – 80 г
Семки од тиква – 50 г
Ореви – 70 г
Бадеми – 75 г
Сусам – 35 г
Семки од бор – 20 г
Овесни снегулки – 20 г
ПОСТАПКА:
Сувото овошје потопете го во вода и оставете да се хидрира 15-20 минути. Оревите исечкјате ги, а бадемите малку истостирајте ги во сува тава (не мора, но така добиваат поубав вкус), па исечкајте ги.
Сусамот исто така, истостирајте го во сува тава, на ниска температура. Штом започне да ја испушта својата убава арома, значи дека е готов.
Сите јатки и семиња измешајте ги во подлабок сад заедно со овесните снегулки. Сувото овошје процедете ги ситно исечкајте го, а урмите и сливите изблендирајте ги.
Смесата убаво измесете ја со рака за да се низедначат состојките. Од оваа смеса можете да правите топчиња или колачи по ваша желба. Поставете ја на пластична фолија и обликувајтѕе ролат. Посипете го со сусам за да се обложи од надворешната страна.
Убаво свиткајте го и оставете го во фрижидер 2 часа. Потоа сечете го на парчиња со дебелина од 2-3 см. Консумирајте по 1-2 парчиња како закуска, најдобро на празен стомак, кога ви се јаде благо, но не после јадење. Постапката погледнете ја ОВДЕ.