Повеќето луѓе од различни причини имаат темни кругови под очите. Оваа жена трие црн пипер под очите помешан со неколку состојки и успешно се ослободува од уморниот изглед на очите и подочниците.

Овој трик делува моментно, а потребни ви се само неколку состојки.

Основа на оваа маска за подочници е кафето. Оваа намирница има силни антиинфламаторни својства и помага да се намали видливоста на целулитот и другите неправилности на кожата.

Исто така, освен како пилинг, овие својства на меленото кафе може да се искористат за тонизирање на кожата, а неговиот затегнувачки ефект за намалување на подуеноста на подочниците.

Во смесата од кафе треба да се додаде прстофат мелен црн пипер за да се засилат екстра-циркулирачките бенефити со овој екстра антиоксидант. За да се соединат двете состојки се додава и малку екстра девствено кокосово масло.

Ако долго време патите од инсомнија па поради ненаспаност имате многу уморни очи, оваа техника ќе ви помогне да добиете нов, свеж изглед за само 5-10 минути.

“Патам од инсомнија, па речиси секогаш имам уморен изглед. Го пронајдов овој трик кој ми помага да ги елиминирам темните кругови за 5 минути и да го избришам тој потечен изглед на лицето. За жал, ефектите не се трајни, па морам секое утро да го повторувам третманот” – вели девојката од видеото, која секое второ-трето утро ја нанесува оваа маска на своите подочници.

Потребни состојки:

1/2 лажичка мелено кафе
1/2 лажичка кокосово масло
1 прстофат мелен црн пипер

Постапка:

Напомена: Не смее грубо да се трие за да не ја оштетите нежната кожа под очите.

На дланката ставете половина лажичка мелено кафе, прстофат црн пипер и половина лажичка кокосово масло. Промешајте со прстите од другата рака.

Смесата нежно нанесете ја под очите и внимавајте да не ви влезе внатре во слузокожата. Оставете да делува 5-10 минути, да се потсуши и маслото да се впие во кожата. Потоа отстранете со влажно памукче.

Третманот користете го 2-3 пати седмично, додека го пиете утринското кафе на пример. За повеќе детали погледнете го видеото: