Додавањето на јајце во утринското кафе или прстофат сол, всушност е само еден едноставен начин за подобро се чувствувате наутро. Освен што е исклучително вкусно, јајцето ја неутрализира горчината, а на вашиот организам му дава енергија за почетокот на денот.

Фитнес блогерките и јутјуберите порани нè советуваа во утринското кафе да ставаме по малку путер или кокосово масло, а сега трендот е малку поинаков и наместо путер предлагаат јајце.

Ваквото кафе веќе е многу популарно во Бугарија, Скандинавија и Виетнам, но сè повеќе станува популарно меѓу спортистите, особено меѓу спринтерите.

Голем број луѓе ваквото кафе го пијат пред тренинг за да имаат повеќе енергија за напорот кој ги очекува. Не треба да се грижите за тоа дека ставате сирово јајце и од можноста дека ќе се заразите со салмонела, бидејќи топлината на кафето (околу 93 степени) додека се готви е доволна за да го свари јајцето (за тоа е потребно >70 степени). Рецептот како се приготвува ова кафе може да го погледнете во видеото, најдолу под текстот.

Еве што сè можете да додавате во вашето утринско кафе:

1.Во кафето додадете сол

Прстофат сол е доволно за да се подобри вкусот на кафето и да ублажи горчината, наместо да додавате млеко и шеќер.

2.Јајце во кафето

Виетнамското кафе со јајце е популарно и тоа со причина: според истражувањата, луѓето кои консумираат јајца за појадок се многу поенергични од другите, а јајцето во комбинација со кафето прави енергетска болмба.

3.Црн чај или топло чоколадо со малку цимет

Ако не сте љубител на кафето, може да испробајте шолја црн чај. Содржи кофеин и Л-теанин, што ја зголемува вашата концентрација и делува врз вашето будење.

4.Лимонада

Водата е многу важна да се пие во текот на денот, но посебно наутро. Веднаш штом се разбудите напијте се вода за да го измиете телото и одвнатре. Додадете и малку лимонов сок. Овој напиток ќе ви помогне да се хидрирате, да ја подобрите дигестијата, да изгубите вишок килограми, да се снабдите со витамин Ц…