Ако не сте биле многу активни оваа зима, туку поголемиот дел од денот сте го минувале седејќи, тоа значи дека сигурно ви се создал целулит или уште полошо – тој се зголемил и проширил. А тоа значи, долготрајна борба за да се ослободите од него.
Веднаш ќе ви кажеме дека агресивните масажи кои ги прават во повеќето козметички салони и од кои се создаваат модринки не се добри! Масажите не треба да болат и не смеат да предизвикуваат прскање на површинските капилари.
Антицелулитната масажа е специфична, со поттикнување на лимфата и загревање на поткожното ткиво за зголемување на микроциркулацијата заради исхранување на ткивото, а никако повреди на крвните садови и подливи. Ваквите масажи се спроведуваат од добро обучени лица со искуство.
Освен лимфна дренажа и антицелулитна масажа, потребно е да пиете доста чаеви од билки кои ги исфрлаат вишокот соли од телото, да пиете многу течности и да правите соодветни вежби со кои ќе го олесните процесот на „разбивање“ на целулитот.
Секое утро пијте го следниот напиток:
1 јаболкова киселина, домашна
1 чаша вода
1 лажиче мед колку за подобрување на вкусот (не мора)
Надворешно мачкање:
Измешајте четвртина шолја лосион за тело со лажица јаболкова киселина.
Натопете пешкир со ладна вода, исцедете го добро, потоа ставете го неколку минути на зафатениот дел со целулит. Потоа протријте се и тргнете го пешкирот, па со памук натопен во мешавината добро протријте се и завиткајте се во проѕирна фолија за да предизвикате загревање и отворање на порите.
За побрзи резултати, овој третман правете го најмалку трипати седмично.