Безвременски вкусен колач без бел шеќер и без печење – ќе го правите секој ден!
Овој неверојатно вкусен десерт без печење се приготвува за неколку минути, а е целосно без додаден шеќер и брашно.
Благодарение на природната слаткост на бананите, богатството на протеини од сирењето и влакната од овесните снегулки, овој колач е совршен избор за сите кои сакаат да уживаат во слатко без грижа на совест, пишува НМД. Еве што ви е потребно:
Потребни состојки:
За подлогата:
200 г овесни снегулки
3 лажици какао во прав
1 лажица мелен цимет
прстофат сол
2 лажици ситно сечкани бадеми
2 зрели банани
засладувач по вкус (стевија, еритритол или по желба)
НМД
За кремот:
1-2 банани
3 лажици јогурт или павлака
¼ лажичка екстракт од ванила
200 г урда, рикота или крем сирење
За преливот:
60 г темно чоколадо без шеќер (минимум 85%)
½ лажица кокосово масло
сечкани ореви или бадеми по вкус

Постапка:
1. На сува тава пропржете ги снегулките 3-5 минути додека да заруменат. Во длабок сад ставете ги овесните снегулки, какаото, циметот, солта и бадемите. Мелете додека да се добие фина текстура слична на брашно.
2. Додајте ги двете испасирани банани со засладувач по вкус. Мешајте додека да се формира компактна смеса која може да се обликува.
3. Поделете ја смесата на два еднакви дела. Првиот дел цврсто притиснете го на дното од калап (дијаметар 18–20 см) за да формирате рамномерна подлога.
4. Исечете 1–2 банани на ткругови со широчина од приближно 1.5 см и редете ги преку целата површина на подлогата.
5. Во чист сад ставете ја урдата (или рикотата/крем сирењето), јогуртот или павлаката и ванилата. Изматете со миксер или рачно додека да добиете сосема мазен крем. Распределете го кремот рамномерно преку слојот од банани.
6. Преку кремот ставете го вториот дел од смесата со овесни снегулки и цврсто притиснете со дланка, чаша или лажица за да се формира убав горен слој.
7. Ставете го колачот во фрижидер најмалку 30 минути за да се стегне.
8. Во меѓувреме стопете го темното чоколадо без шеќер заедно со кокосовото масло на пареа или во микробранова (на секои 15 секунди мешајте). Прелијте го стопеното чоколадо преку колачот и по желба посипете со сечкани ореви.
9. Вратете го колачот во фрижидер уште 10–15 минути за чоколадото убаво да се стврдне.
10. Исечете на парчиња и уживајте во овој здрав, богат и неверојатно вкусен десерт кој ќе го правите повторно и повторно! Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ:












