Јавноста во изминатите месеци беше запознаена со деталите од обвинението за еден од нашите најпознати доктори, кардиохирургот Жан Митрев. Денес, на социјалните мрежи се огласија од клиниката Жан Митрев, со пресуда на Основен кривичен суд.
– Клиника Жан Митрев нема пропусти во работењето. Основниот кривичен суд потврди дека нема никакви пропусти во работењето на Клиничката болница Жан Митрев. Обвиненијата на МАЛМЕД во однос на наводите за прекршоци во работата на Клиниката Жан Митрев се покажаа како неосновани. Во пресудата се потенцира дека нема докази за направен прекршок. Според овој заклучок Основниот кривичен суд донесе ослободителна пресуда за клиничката болница и за доктор Жан Митрев во предметот со МАЛМЕД.
Со оваа ослободителна пресуда се потврдува дека Клиничката болница Жан Митрев и во најтешките периоди работеше според највисоки здравствени стандарди, транспарентно и во согласност со веќе утврдени и дозволени методи на лечење, кај нас и во светот.
Ова е само еден чекор кон целосно докажување на вистината и фактичката состојба за нашата работа и тоа дека се што беше направено во Клиниката Жан Митрев, беше направено во интерес на пациентите и согласно етаблирани методи и стандарди при лекувањето. – се потенцира во соопштението. Прочитајте: Академик д-р Жан Митрев во интервју за светски познат медиум: И оваа криза ќе помине…ОВДЕ.
Во Струмица отворен проширениот и ребрендиран дијагностички центар Жан Митрев Дијагностик во Струмица
На вкупна површина од околу 1000м2 во комплетно реновиран објект на два ката, лоциран на бул. Гоце Делчев бр.113 во Струмица, отпочна со работа најсовремениот дијагностички центар во овој регион.
Дијагностичкиот центар Жан Митрев нуди врвни услуги од современата медицина и резултати базирани на брза и прецизна дијагностика.
Центарот располага со 4 специјалистички амбуланти, дневна болница, дијагностичко – радиолошки оддел, единствен во регионот опремен со рентген уред со ниско зрачење, со мамомат со врвна 3Д технологија и ергономичен дизајн кој овозможува брзо, удобно и безболно скенирање.
Докажаните супериорни клинички перформанси овозможуваат исклучително прецизна дијагностика која е клучна за рано откривање на карцином на дојка. Најсовремениот 160 слоен компјутерски томограф обезбедува детални слики од различни регии на човековото тело со помош јонизирачко зрачење. Текстот продолжува ОВДЕ.