Пробајте и сами уверете се. Кога ве мачи слуз во плуќата и веќе чувствувате болки од премногу кашлање, мора нешто да преземете и да му помогнете на организмот зошто се мачи и не успева сам да го одлепи и исфрли шлајмот.
Постојаната кашлица е непријатна за болниот но исто така, кога подолго време трае- може да ги иритира луѓето околу болниот.
За среќа постои лек кој е спасоносен и делува за неколку часа. Она што е одлично – е дека се приготвува од природни состојки, па не мора да го оптеретувате црниот дроб и другите органи.
Потребни состојки:
1 парче свеж ѓумбир*
1 мала лажичка квалитетен мед
1 лажица јаболкова киселина
1 лажица кокосово масло
*во зависност од големината на ѓумбирот, можете да ги зголемите количините на останатите состојки.
Постапка:
Ѓумбирот исечете го на тенки парчиња, па во вода (да се покрие), на оган да зоврие. Штом зоврие, тргнете од оган, па после 15 минути ставете во блендер и додадете ги останатите состојки.
Складирано во тегла се чува во фрижидер, а се користи по потреба.
За да ја смирите слузокожата, подгответе прегорен шеќер со мед:
2 лажици шеќер ставете во сад, на оган да се стопи, па мешајте додека да се претвори во карамел. Внимавајте да не загори. Додадете чаша млеко и мешајте додека карамелот целосно да се растопи.
Во текот на денот мора да испиете најмалку 1 1/2 – 2 1/2 литри чај од ленено семе.
Во 1 1/2 литар зовриена вода ставете околу 50 г ленено семе. Исклучете го шпоретот и оставете чајот постепено да излади врз ринглата. Процедете и пијте го наместо вода.
Пред спиење наполнете ја кадата со топла вода, а во водата ставете етерично масло од мента или евкалиптус. Обидете се да направите парна бања за да може да ги вдишувате испарувањата.
Пареата ќе ја омекне слузта и ќе помогне полесно да се исфрли.
Кашлицата е нормална реакција на телото кога сака да се ослободи од нешто што му пречи. Но кога трае предолго, не оставајте “само од себе” да се реши, бидејќи ќе премине во хронична болест. Помогнете му на организмот и бидете здрави!