Фото и рецепт: Благица Баба Буки Ивановска
Рецептот е едноставен, се приготвува како и секој друг џем. На еден килограм јапонски јаболка се става 500 г шеќер или помалку ако плодовите се слатки.
Потребни состојки:
2 кг јапонски јаболка
1 лимон
1 обично јаболко
1 кг шеќер
2 чаши вода
Постапка:
За да го приготвите овој рецепт потребни ви се помалку од 60 минути, а постапката е доста едноставна.
Измијте ги исчистете ги јапонските јаболка, а потоа исечете ги на покрупни парчиња. Ставете ги во поголем сад, а потоа врз нив исцедете сок од еден лимон и изрендајте ја кората за вкус.
Обичното јаболко исто така излупете го и исечете го на коцки, па додадете го во јапонските јаболка.
На оган ставете го шеќерот со две чаши вода за да се растопи. Мешајте и гответе го на тивко додека целосно да се растопи, а потоа додадете го овошјето и мешајте цело време.
Џемот се готви околу половина час, по што се складира во стерилизирани тегли. Потоа херметички затворете ги.
Фото и рецепт: Благица Баба Буки Ивановска