Уште многу одамна луѓето страдале од ноќно потење, а спасот го барале во жалфијата. Билката треба да се попари на вообичаен начин како што се постапува при приготвувањето на секој чај, а добиениот напиток треба да се пие наутро, подолг временски период. Овој чај го чисти организмот од супстанциите кои го предизвикуваат потењето.
Постар изглед, поголем ризик
Поедини луѓе мака мачат со ноќното потење, иако секојпат причината за тоа не е жештина. Бидејќи најчесто и не се знаат причините за оваа појава, целосно може да дојде до пореметување на спиењето, бидејќи незибежно доаѓа до појава на несоница и стрес.
Експертите предупредуваат дека оваа непријатна состојба може да биде предизвикана од следново:
-менопауза
-хипогликемија
-хормонски пореметувања
-невролошки пореметувања
-некои лекови
-некои инфекции и воспаленија, особено на белодробието
-карцином…
За да се спречи оваа непријатна тегоба потребно е да се започне со пиење на чај од жалфија. Овој лек се користел уште многу одамна. Билката попарете ја на вообичаен начин, па чајот пијте го наутро на гладно, подолг временски период. Овој чај го чисти организмот од разни штетни материи кои предизвикуваат ноќно потење.
Жалфијата можете да ја приготвите и на друг начин, така што од 6 до 8 г издробен лист од билка ќе ставите во јадењето од главниот оброк. На овој начин не само што се елиминираат причинителите за ноќно потење, туку се лекуваат и кашлица, болки во грло и желудочни тегоби.