Сатараш за зимница, без конзерванси – само одмрзни си и имаш готово јадење…Секоја година си правам, не можам без сатараш. Еве што ви е потребно:

Потребни состојки:

1 кг кромид
3 кг пиперки
3 кг меснати домати
2-3 моркови
масло, шеќер, сол

Постапка:

Ова беа моите мерки, зеленчукот измерен пред да го исчистам, а вие не мора според моите мерки да се придржувате, користете зеленчук во количина колку што вие сакате, важна е само постапката и правилното пакување.

Од овие мерки ми излегоа 8-9 тегли од 720 г.

Значи, прво зеленчукот се мие и се чисти. Кромидот се сечи на ленти, а пиперките на поголеми парчиња. Доматот (на едно место засечен како „+“) кратко се прелива со врела вода и се лупи, па се сече на парчиња.

Морковите на ренде исечете ги на тенки тркалца, а можете и воопшто да не ставате морков. Тоа е по вкус.

Во широко и длабоко тенџере во кое обично ја приготвувате зимницата, ставете масло да се загрее. Најдобро е ова да се прави надвор на оган, но може и на шпорет.

Важно е да користите што пошироко тенџере, затоа што важно е зеленчукот да се запржи а не да се свари во сопствениот сок.

Ставете да се пржи кромидот и посолете го, па кога ќе омекне додајте го морковот, кратко пропржете го, па додајте ги пиперките и повторно малку посолете…

Кога купувате пиперка одберете од сите бои, да има и жолти и црвени и зелени…јас имав и портокалови.

Кога пиперката малку ќе омекне, додајте ги доматите и малку посолете, а потоа полека гответе до густина која ја сакате. Во текот на готвењето на доматот додајте му шеќер, а на крај и сечкан магдонос доколку сакате.

Врелиот сатараш складирајте го во загреани, чисти тегли, на врвот нека има само течност, не смее да ѕирка парче пиперка. Затворете ги теглите и завиткајте ги во ќебе додека да изладат.

Можете да го складирате и во пластични садови и да ги замрзнете.