После овие сарми никој не ги сака традиционалните, заборавивме на нив. Зелката и месото секогаш се добитна комбинација, а според рецептот кој ќе го прочитате подолу, ќе добиете нешто што наликува на сарма: изгледа одлично, има посочен вкус отколку што можете да замислите.
Истовремено, освен што е сочна, има и кора која е апетитивно крцкаца што ја прави уште повкусна. Да не ме сфатите погрешно, ја сакаме и традиционалната виткана сарма која се крчка долго, со часови, а потоа се топи во уста како локум, но сега оваа ни е xит и многу често ја приготвуваме.
Дури и децата се воодушевени, а кога ни доаѓаат гости речиси задолжително ја приготвуваме, одлична е како закуска. Овој деликатес може да се послужи со некаков кремаст намаз, но одлично одговара „мајонез“ или сос од лук и павлака. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 главица бела зелка, 500 г мелено месо (по ваш избор), 1 главица кромид, 1 морков, 1 лажичка сол, 4 јајца, 2 лажици брашно, црн пипер по вкус, италијански зачин по вкус (или зачини по ваш вкус). Наместо месо, филот може да се состои од урда и кашкавал, варени јајца или нешто слично, но ние ја предлагаме класиката, со мелено месо.
ПОСТАПКА: Во поголемо тенџере ставете ја исчистената главица зелка и прелијте ја со ладна вода. Ставете на оган, па откако ќе зоврие намалете ја температурата на умерено, да врие но не пресилно, околу 10 минути. Во водата можете да додадете малку сол и оцет за побрзо да омекнат листовите.
Извадете ја зелката со решеткаста лажица, исцедете ја, па оставете ја малку да подизлади и внимално одделете ги листовите ставајќи ги на цедалка за да се отстрани вишокот течност. За тоа време ситно исечкајте го кромидот, па пропржете го на малку масло додека да се застакли.
Додајте го ренданиот морков и заедно динстајте ги со повремено промешување. Оставете настрана да се подизлади. Додајте го во месото, посолете и запиперете, па добро измешајте да се изедначи месото. Филот можете да го приготвите и зачините по сопствен вкус.
Во посебен сад изматете ги јајцата, зачинете и додајте го брашното. Направете мазна смеса без грутчиња. Отворете еден лист зелка, распоредете фил од месо на половината од листот (тенок слој затоа што месото не е зготвено, за да може да се испржи), преклопете, па потомешете во мешавината од јајца и брашно.
Спуштајте во загреано масло на умерена температура и пржете од двете страни додека убаво да зарумени. Температурата прилагодувајте ја при пржењето.