Во последно време стана многу популарна таканаречената самомасажа, заснована на кинеската Чи кунг (Чи гонг) гимнастиката, чија традиција е стара 4000 години, а потврдена е и во европската медицина.

Таквата масажа може да биде многу корисна за оние кои многу работат, малку се движат, не се наспани, имаат вишок килограми и често се наоѓаат во стресни ситуации. Всушност, како повеќето од нас.

За што станува збор?

Самомасажата се заснова на тапкање – една од вежбите на кинеската чи кунг гимнастика, која според историчарите е стара повеќе од 4000 години. Во Кина се верува дека чи кунг го подобрува протокот на чи енергијата (животната енергија) низ телото. Не знаеме за чи енергијата, но знаеме за многу научни студии на оваа тема.

Едно големо клиничко истражување покажа дека оваа гимнастика ја зголемува циркулацијата во крвта, го подобрува метаболизмот и помага во намалување на тежината. Во едно друго истражување, масажата спроведена на деца со аутизам, резултирала со подобра концентрација кај децата при решавање на задачите и ретки стресни доживувања.

Како се изведува?

Масажата се изведува со ритмички, лесни плескања или со тапкање. Во областа на главата тапкањето треба да се прави со врвовите од прстите, а на телото со цели дланки или стиснати боксови.

КОЛКУ ТРАЕ ОВАА ПОСТАПКА?

Целиот комплекс трае 3-5 минути а се изведува во било кое време, иако лекарите советуваат дека најдобро е да се изведува наутро и кога се чувствувате многу уморно. Вежбите е најдобро да се изведуваат во стоечки став и да се тапка по целата површина на кожата. Ако немате многу време, тогаш обратете внимание само на одредени точки, за кои ќе стане збор во продолжение на текстот.

1.ГЛАВА

застанете исправено. Со прстите на двете раце започнете со тапкање на кожата на главата, движејќи се од челото кон тилот. Вратете ги рацете низ воздух до челото. Посебно задржете на слепоочниците, на темето и на вратот, во пределот каде започнува косата.

Потребно е да направите само 10 кругови: чело, слепоочници, теме, врат. Или 30 тапкања во секоја точка. На крај истријте ги додека да поцрвенат.

2.РАЦЕ

Испружете ја едната рака и тапкајте ја одозгора надолу, на сите четири страни: подлактица (надворешна и внатрешна), рамената (однадвор и одвнатре). Посебно задржете се на зглобот од лактот. Во секоја точка по 25 пати. Истото повтрорете го и на другата рака.

3.ГРАДИ И СТОМАК

Со дланката или со бокс од левата дланка изведете 10 серии на лупкање по градите, одоздола кон горе. Вака наизменично лупкајте ги точките под пазувите и ребрата по 30 пати во секоја страна. На крај тапкајте со двете раце по целата површина на стомакот.

4.ГРБ И ЗАДНИК

застанете исправено. Со дланката или со боксот од левата рака тапкајте по цела десна страна од грбот. Обидете се да досегнете што подалеку. Потоа со десната рака тапкајте ја левата страна од грбот (по 15 серии со секоја рака). Потоа со левата дланка или боксот тапкајте по левата страна од задникот, а потоа по десната (50-100 пати од секоја страна).

5.НОЗЕ

Подигнете ја десната нога и тапкајте ја со двете раце од колената кон колкот и тоа од сите страни. Потоа истото направете го и со другата нога. Потребно е да направите по 10 серии за секоја нога. Посебно внимание обратете на областа под коленото кое треба да се тапка 30 пати. Завршете ја самомасажата со тапкање на стапалата 20 пати.

ПРАВЕТЕ ЈА ОВАА ВЕЖБА:

 Ако ве боли глава – гимнастиката ја подобрува циркулацијата на крвта.

 Ако сте многу уморни, а пред вас стои цел работен ден. После самомасажата ќе можете да продолжите.

 за слабеење. Не може да ги замени вежбањето и диетата, но ќе ви го забрза метаболизмот.

 Го намалува целулитот и го подобрува тенот. Ја подобрува циркулацијата на крвта во сите слоеви од кожата.

 Доколку често неправилно се храните. Вежбата ја подобрува работата со внатрешните органи, го забрзува метаболизмот и му помага на организмот да се ослободи од се’ што му е непотребно.