Само ставете го ова во еден дел од вашата куќа и ќе привлечете многу пари во вашиот дом!
Секако, за да имате доволно пари треба да работите, да се трудите и напредувате, но за тоа е потребно да ви се отвори среќата, која можеби, од непознати причини ви се заклучила. Дознајте како да ги привлечете парите, а со тоа и позитивната енергија.
Инаку, по Фенг шуи, треба да постои ред во домот и не треба да ги затрупувате аглите и да трупате непотребни работи. Треба да направите место за нови и убави работи во вашиот живот. Еве, ова е начинот за кој ви говоревме:
Потребно ќе ви биде:
- 2 раце ориз
- 2 стаклени шишенца кои ќе ги затворите
- 6 зрна црн бибер
Постапка:
Многу е едноставно, само ставете ги овие состојки во стаклени садови кои претходно биле убаво измиени. Распоредете во домот, а оризот треба да го менувате на неколку денови. Во секоја тегла ставете по 3 зрна бибер и една рака ориз. Теглите би требало да ги заземаат двата најодалечени краја од домот, а доколку не можете така да ги поставите, одлучете според просториите во кои најмногу престојувате, на пример, дневен престој и спална соба.