Оваа пита е мека како душа, а се прави многу брзо и доста едноставно. Се користат евтини состојки и секој може да си дозволи да ја приготви. Одлична е за појадок или вечера, но може да се послужи и како закуска. Брзо и лесно до вкусна пита од компир. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (за подлога): 600 г компир, 1 главица кромид, сол и црн пипер. ЗА ПРЕЛИВ: 3 јајца, 150 г брашно, 80 мл јогурт, 1 кесичка прашок за печиво (10 г), сол по вкус, 170 мл вода, ленено семе или сусам + 2-3 кисели краставички (корнишони) и малку мајонез




ПОСТАПКА: Компирите измијте ги, излупете ги и оставете ги во тенџере со ладна вода. Една голема главица кромид (или две помали) ситно исечкјате ја. Во тава загрејте малку масло, па пропжете го сечканиот кромид неколку минути додека застакли и омекне.




Компирот изрендајте го на крупната страна од рендето или на „сечко“, па додајте го во запржениот кромид. По потреба додајте уште малку масло, посолете и зачинете со црн пипер, па промешајте и динстајте уште неколку минути на умерена температура.




Додека компирот се динста, набрзинка пригответе го и преливот. Во еден подлабок сад скршете три јајца. Изматете ги со жица маталка и додајте малку сол, приближно една лажичка. Во изматените јајца додајте додајте околу 100 г сенаменско брашно, а остатокот додајте го постепено (вкупно 150 г).




Потоа додајте 80 мл јогурт и добро изматете додека да добиете густа изедначена смеса без грутчиња. На крај додајте една кесичка прашок за печиво, а водата додавајте ја постепено (вкупно 170 мл, но сами ќе ја дозирате количината). Смесата треба да изгледа вака:




Подгответе плех приближно 30х32 см и обложете го со хартија за печење. Распоредете ја смесата од издинстаниот кромид и компир на дното од плехот и израмнете во тенок слој. Одозгора истурете го тестото, па и него рамномерно распоредете го.




Одозгора наросете сусам или ленено семе, па ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени околу 15-тина минути или во зависност од рерната. Печената пита оставете ја малку да се подизлади. За тоа време ситно исечкајте ги киселите краставички.




Питата исечете ја на половина за да добиете две кори, па врз едната половина распоредете ги сечканите краставички и наросете малку мајонез или кисела павлака. Потоа преклопете, сечете на коцки и послужете. Многу е вкусно. Деталите погледнете ги во видеото ОВДЕ.