Овесни лепињи со спанаќ – без брашно, шеќер и квасец
Овие овесни лепињи се вистинско откритие за сите што сакаат здрава исхрана без компромис со вкусот.
Со само природни состојки, се подготвува брзо, не бара одморање на тестото и е идеален за контрола на тежината.
Секоја лепиња содржи околу 130 калории, богата е со влакна и нутриенти, а совршена е за појадок или лесна вечера, пишува НМД. Еве што ви е потребно:
Потребни состојки
– 2 1/4 чаши овесни снегулки (мелени во брашно)
– 60 г свеж спанаќ
– 20 г свеж коријандер/магдонос (или дополнително спанаќ)
– 2-3 см свеж ѓумбир (по желба)
– 1 чешне лук (по желба)
– 70 г вода
– 1 лажичка сол
– 2 лажици маслиново масло
– Дополнително овесно брашно за развлекување
– НМД


Постапка
1. Смелете ги овесните снегулки во фина прашкаста смеса и просејте ги низ сито за да се отстранат грубите делови.
2. Во блендер ставете го спанаќот, коријандерот, ѓумбирот, лукот и водата. Миксајте додека да се добие хомогена кремаста смеса. Префрлете ја во поголем сад.
3. Додајте ја солта и постепено додавајте 200 г од овесното брашно, мешајќи со лажица за да не се формираат грутки. Ако тестото е премногу лепливо, досипете уште малку брашно.
4. На крај додајте го маслиновото масло и замесете го тестото со раце додека да стане мазно и еластично. Не е потребно одморање.
5. Посипете работна површина со овесно брашно, формирајте го тестото во валјак и исечете го на осум еднакви делови. Секој дел обликувајте во топче.
6. Потопете го секое топче во брашно и со оклагија развлечете го во тенок круг со дебелина од околу 2 мм. Отстранете го вишокот брашно.
7. Загрејте нелеплива тава на средна температура. Ставете ја лепињата и печете ја додека да се појават меурчиња, па превртете ја.
Превртувајте неколку пати додека да се надуе. По желба, за поголемо надувување, ставете ја директно на отворен пламен на неколку секунди.
8. Послужете ги топли, по желба со немасен јогурт со лук и нане, варено јајце, хумус, немасно сирење или печено пилешко бело месо.
Секоја лепиња има околу 130 калории и е богата со влакна. Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ:





































