Само изрендајте ги компирите и направете ги највкусните ќофтиња во светот! Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

3 варени компири
2 главици кромид
75 грама рендан кашкавал
1 китка свеж магдонос
сончогледово масло
1 лажичка сол
црн пипер по вкус
1 лажица путер
4 лажици брашно

За похување:
2 јајца
1 прстофат сол
лебни трошки (презла)

ПОСТАПКА:

Варените компири изрендајте ги во подлабок сад и измешајте ги со ситно сечкан магдонос. Кромидот исечкајте го и испржете го на малку масло со лажица путер, па додајте го ренданиот кашкавал и динстајте на многу тивок оган.

Зачинете по вкус и додајте го во мешавината со компирите и магдоност. промешајте па додајте го брашното.

Добро изедначете да добиете смеса која може лесно да се обликува.

Црпете со лажици и обликувајте ги ќофтињата.

ПОХУВАЊЕ: Компировите ќофтиња потопувајте ги прво во изматени јајца, а потоа во лебни трошки и пржете ги умерено загреано масло додека да заруменат од двете страни.

Вадете ги врз хартиена салветка. Постапката погледнете ја ОВДЕ.