Home Останато Убавина и нега Само две состојки се доволни за да исчезне целулитот и да ослабете...

Само две состојки се доволни за да исчезне целулитот и да ослабете – моќен природен рецепт

Сите оние кои имаат проблем со целулитот не треба да очајуваат. Овој моќен природен рецепт против кожата која наликува на кора од портокал, може да ги разбие масните перничиња и повторно да ја измазни кожата.

За рецептот ќе ви бидат потребни две состојки: маслиново масло и етерично масло од боровинки. Маслиновото масло треба да биде ладно цедено и можете да го купите од било која продавница, а етеричното масло од боровинки можете да го побарате во аптеките или да си го порачате од интернет.

Оваа мешавина има неверојатни моќи, а ќе ви помогне да ослабете и да ги исфрлите сите штетни материи, како и вишокот вода.

Потребни состојки:

20 капки етерично масло од боровинки
60-70 мл маслиново масло

Постапка:

Маслото од боровинки е многу силно и затоа мора да се разреди со маслиново масло. Двете се компатибилни и си одговараат како комбинација. Доколку оваа мешавина е пресилна за вашата чувствителна кожа, тогаш додадете уште малку маслиново масло.

Подрачјата кои се погодени со целулит масирајте ги 10-тина минути, еднаш дневно. Критините места масирајте ги со кружни движења, во насока кон срцето.

Немојте да притискате премногу и да си правите модринги, туку движењата треба да бидат подносливи на болка и пријатни.

Со ваква масажа телото ќе се загрева и поволно ќе се делува врз микроциркулацијата и протокот на лимфата.

За да биде борбата со целулитот поуспешна, покрај рачната масажа и пиењето доволно течности, особено чаеви кои го лекуваат целулитот, треба да се внимава и на исхраната.

Доколку сте во можност, бидете и физички активни. Целулитот се таложи со години, не се јавува преку ноќ, па затоа и борбата против него мора да вклучува и низа промени во начинот на живеење.