САМО 4 СОСТОЈКИ…Вкусна торта за 10 минути без печење…Многу лесно и вкусно…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (за калап 22 или 24 см)

300 г наполитанки
180 г крем сирење (Филаделфија или Маскарпоне)
400 мл слатка павлака за шлаг
200 г кондензирано млеко (како да направите домашно, рецепт за 5 минути прочитајте ОВДЕ)

ПОСТАПКА:

Сомелете ги наполитанките и смесата натапкајте ја на дното од калап за торти. Во посебен сад со миксер соединете ги крем сирењето и ладната слатка павлака. Матете додека смесата да згусне, па додајте го кондензираното млеко.

Откако сето убаво ќе го изматите со миксер, распоредете го врз основата од наполитанки, израмнете и оставете да се стегне во фрижидер најмалку 2 часа. Потоа декорирајте по желба и послужете. Постапката погледнете ја ОВДЕ: