Ова е најбрзата пита што можете да ја приготвите за ручек или вечера. Многу е заситна, со сигурност ќе ве најаде и вас и вашите најмили. Филот кој го одредува главниот вкус се подготвува од 3 состојки, а ќе ви бидат потребни уште неколку состојки за тестото и уште малку кашкавал за да фати коричка одозгора. Секако ова е опционално, но многу е повкусно доколку на крајот се додаде кашкавал.




Питата може да ја подготвите за кратко време, сѐ што треба да направите е да ги пропржите состојките за филот, да го замесите тестото и сѐ да наредите во плех за печење. Целата подготовка ќе ви одземе околу 30-40 минути, без печењето. Питата е многу вкусна додека е топла, но и кога ќе се олади. Еве што ви е потребно за да ја подготвите:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 400 г брашно, 180 г путер, 1 јајце, 4 лажици вода, 1 лажиче сол. И УШТЕ ЌЕ ВИ БИДЕ ПОТРЕБНО: 1 главица кромид, 2 парчиња пилешки гради (300-400 г), 1 лажиче сол, црн пипер по вкус, 250 г печурки по ваш избор, 300 мл неутрална павлака, 150 г кашкавал.




ПОСТАПКА: Најпрво замесете го тестото бидејќи треба да отстои 30 минути во фрижидер. Питерот замрзнете го претходно за да биде тврд и да може да го изрендате. Во еден подлабок сад сипете 400 г брашно. Целиот путер или коцка од 180 г ставете во брашното и добро наквасете го, за да не ви лепи.




Изрендајте го путерот директно во брашното, на најкрупната страна од рендето. Измешајте, па додајте 1 јајце, 4 лажици вода и 1 лажиче сол. Замесете мазно и меко тесто кое треба да биде многу еластично и да не се распаѓа. Тестото се меси сосем кратко време, додека да се соедини. Завиткајте го тестото во проѕирна фолија и ставете го во фрижидер да отстои 30 минути. Во меѓувреме подгответе ги состојките за филот.




ЗА ФИЛОТ: Земете една главица кромид и исечкајте ја на ситни парчиња или малце покрупно, во зависност како преферирате повеќе. Земете едно подлабоко тавче, ставете малку масло и почекајте да се загрее на ниска температура. Ставете го сечканиот кромид во тавчето и со постојано мешање, пржете го кромидот додека да омекне и да добие златно-кафеава боја.




Исечкајте ги пилешките гради на коцки, малку посолете и запиперете ги, па во омекнатиот кромид, додајте ги сечканите парчиња месо. Сега, можете малку да ја зголемите температурата на ринглата.

Со константно мешање гответе го месото додека да побели и да фати мала коричка, за што ќе биде потребно околу 6-7 минути. Настрана, исечкајте ги печурките (доколку се влажни, претходно исушете ги) и додајте ги во испрженото месо.




Гответе сѐ на умерена температура додека и печурките да се пропржат, за што ќе биде потребно дополнителни 6-7 минути. По изминатото време, сипете ја наутралната павлака и сѐ заедно измешајте додека да се направи вкусен сос.

Дегустирајте го филот и по потреба зачинете го по вкус. Извадете го тестото од фрижидер, одвиткајте го од проѕирната фолија и ставете го на средина од огноотпорен, правоаголен сад со нормална големина.

Претходно садот намастете го, па со раце развлечете го тестото низ целата површина на садот, така што на страните малку ќе се издигнува, буквално треба да го обвиткува целиот калап, сосе страните.

Излејте го филот врз тестото и добро израмнете го. Со страничните делови на тестото кои излегуваат од калапот, затворете колку можете и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени, околу 30 минути.

По изминатото време, внимателно извадете го садот од рерна, наросете го 150 г рендан кашкавал и вратете да се допече на истата температура уште 15 минути. За ова време, кашкавалот ќе фати коричка. Деталите од целата постапка погледнете ги ОВДЕ.