Дали и вие имате проблематичен дел од телото со чиј изглед не сте задоволни и никако не можете да го доведете во ред? Експертите велат дека постои научно објаснување и за тоа!

Имено, прекумерното гоење на поедини делови од телото е најчесто резултат на хормонална нерамнотежа, покажува истражувањето.

„Животниот стил, исхраната и генетиката имаат голема улога, но добрата вест е дека постојат работи кои може да се преземат за да се воспостави хормонален баланс и да се елиминираат вишокот масти. Најпрво мора да се одреди причината“ – напоменува професорот по физиологија – Сафрон Вајтед.

САЛО НА СТОМАК. Виновник: Кортизол

Телото реагира на стрес и го зголемува лачењето на хормонот кортизол, чија функција е да ослободи енергија за борба, а која доаѓа во облик на масти и глукоза кои се складиштат во средишниот дел од телото, во близина на црниот дроб. Не се нервирајте и одбегнувајте стресни ситуации, колку и да ви звучи ова како клише.

Јадете помали оброци, повеќе пати на ден, за да го стабилизирате нивото на шеќерот. Се препорачуваат намирници со низок гликемиски индекс, како што се јаболка, леб од интегрални житарици и индиски ореви. Немојте да трчате или напорно да вежбате подолго од 45 минути, бидејќи тоа го поттикнува производството на кортизол.

ГОЛЕМ ЗАДНИК И ШИРОКИ БУТОВИ. Виновник: Естроген

Премногу естроген може да предизвика натрупување масти на задникот и бутовите. Масните клетки произведуваат повеќе естроген, а за возврат складиштат повеќе наслаги. Пиењето на алкохол во поголеми количини го спречува црниот дроб да го елиминира естрогенот од крвта.

Дотатоците од соја би можеле да го намалат производството на естроген, бидејќи самата соја има својства да го имитира овој хормон. Но оваа област не е се’ уште добро проучена, ба бидете внимателни и јадете умерени количини. Хранливите состојки во брокулата, исто така ги регулираат ензимите во црниот дроб. Ограничете го месото и кафето, со оглед на тоа што тие го оптеретуваат црниот дроб.

ОТЕЧЕНИ ГЛУЖДОВИ. Виновник: Прогестерон

Подуени скочни зглобови се чест резултат на задржување на течности, што може да биде предизвикано од недостиг на прогестерон. Прогестеронот делува како диуретик, кој ги испира вишокот течности од телото. Храна богата со витамин Е може да поттикне производство на прогестерон. Тоа вклучува сончогледови семки и путер од кикирики. Намалете го внесот на натриум, бидејќи тоа е клучот за регулирање на крвниот притисок и нивото на течности во нозете и зглобовите. Одбегнувајте преработена храна како што се готови оброци. За да го подобрите човековиот хормон на растот, спијте доволно – тој кај возрасните лица се ослободува само навечер.

ПОДУЕНО ЛИЦЕ. Виновник: Тироксин

Отеченото лице и врат може да бидат резултат на премалку тироксин, хормон кој го произведува штитната жлезда. Неактивната штитна жлезда го успорува метаболизмот, што пак може да предизвика подуеност. Се препорачува консумирање на додатоци кои содржат селен, бидејќи овој минерал му помага на телото поефикасно да го користи тироксинот. Ако многу седите, користете квалитетна опрема за да бидете сигурни дека седите исправено, а повремено правите паузи. Ако забележите дека сте многу уморни и дека необјасниво се дебелеете, обратете се на лекар.

МАСНИ НАСЛАГИ НА НАДЛАКТИЦИТЕ. Виновник: Тестостерон

Човековото тело произведува хормон кој се нарекува DHEA (dehidroepiandrosteron), кој се претвора во тестостерон. DHEA помага во изградба на мускулна маса. Кога нивото на тестостерон ќе падне премногу ниско, мускулната маса може да биде заменета со масти. Тоа е најочигледно на горниот дел од рацете, каде имаат најмногу мускул.

Нивото на тестостерон кај жените опаѓа со текот на годините – врвот е во дваесеттите, а до менопауза опаѓа до половина. Но одредена храна помага. Консумирајте повеќе протеини како што се риба, јајца, тофу и јаткасти плодови. Цинк, магнезиум и витамин Б6 исто така, поттикнуваат производство на тестостерон. Во меѓувреме, истражувањето покажало дека и редовниот секс исто така, помага!

НАСЛАГИ НА ГРБОТ. Виновник: Хормон на растот

Прстените кои се прелеваат преку задниот дел од градникот кај жените, може да бидат тука поради ниските нивоа на хормонот за раст (HGH). Во текот на ноќта, женската хипофиза отпушта хормон на раст кој ги стимулира масните клетки да ослободуваат енергија за закрепнување на телесните ткива. Кога има премалку HGH и масните клетки не примаат порака дека треба мастите да ги претворат во енергија. Студиите покажуваат дека возрасните луѓе на кои им недостига HGH често имаат вишок процент на телесни масти, особено на грбот.

Истражувањата сугерираат дека храната богата со мелатонин, како што се малините, може да ја зголеми секрецијата на HGH до 157 %. Мелатонинот го активира ослободувањето на хормонот кој му говори на телото дека е време за спиење. Друга студија открива дека храната која е богата со глутамини, како што е јогуртот, може да го зголеми производтсвото на хормонот за раст.