Салата за малку пари…На овој начин МОРКОВОТ е превкусен…Сите ги воодушевува…ПОСНО…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
1 кг морков
4 чешниња лук
1 китка магдонос
сол, црн пипер
2 лимони или оцет
50 мл масло
ПОСТАПКА:
1.Измијте ги и излупете ги морковите, а потоа исечкјате ги на тркалца. Сипете ја во тенџере и залијте вода колку да се прекрие морковот. Додајте лажичка сол и ставете да се вари 20 минути или додека да омекне (може и потврдо, кој сака).
ЛУТА САЛАТА ОД МОРКОВ: Еднаш пробајте ја и после редовно ќе си ја правите – многу добар вкус
2.Лукот излупете го и ситно исечкајте го, магдоносот исто така. Сѐ ставете во еден сад, па додајте масло и по половина лажичка сол и црн пипер. Потоа исцедете сок од 2 лимона или додајте оцет по желба.
3.Морковот процедете го, исплакнете го со ладна вода и оставете го да се исцеди од вишокот. Потоа измешајте го со приготвената маринада.
Може да се користи веднаш, но најубава е салатата доколку отстои во фрижидер до следниот ден. Постапката погледнете ја ОВДЕ.