Многу вкусна салата полна со витамини и минерали, за сладење цело зимо! Рецептот го сподели нашата драга читателка во групата на НМД рецепти. Фотографија и рецепт на Благица Баба Буки Ивановска
Потребни состојки:
2 кг карфиол,
2 кг зелка,
1 кг морков,
200 г шеќер,
400 мл масло,
120 г сол,
350 мл оцет,
1 лажица мелен црн пипер и
2 филџанчиња вода
Постапка:
Зелката ситно се сечка, морковот се ренда а карфиолот се ситни на цветчиња. Откако вака ќе се подготви се става во длабоко тенџере додека се подготвува солилото.
За солило: сите состојки освен оцетот се ставаат на оган да зоврие, се меша за да се растопат солта и шеќерот, па веднаш пред полевање на зеленчукот се дотура и оцетот.
Со вака подготвеното солило се попарува сечканиот зеленчук и се остава да отстои 4 часа. Потоа се собира во тегли и се затвора. Кој ја правел оваа салата, знае колку е убава и вкусна.
Фотографии и рецепт на Благица Баба Буки Ивановска