Оваа салата брзо се приготвува, многу е едноставна а одлична е како додаток на трпезата, одговара со секакво печење. Обично се приготвува за разни слави заедно со руска салата и туршија.
Потребни состојки:
600 г свежи шампињони
200 г пченка
6 лажици масло
1 лажица сув зачин
400 г кисела павлака
200 г мајонез
1 лажичка мирудија
1 лажичка магдонос
Постапка:
Исечкајте ги печурките на листови, додадете масло и зачини па пропржете ги на оган. Печурките ќе испуштат течност штом се загреат, па затоа нема потреба да се додава вода. Динстајте ги додека да испари течноста а печурките малку да се пропржат на масло. Тоа трае околу 10-15 минути.
За тоа време во друг сад ставете пченка да се готви. Печурките оставете ги да изладат, почекајте пченката да се свари па исплакнете ја со ладна вода, па и неа оставете ја да излади и да се процеди.
За тоа време промешајте павлака, мајонез, сув зачин и магдонос. Во печурките и пченката додадете павлака и мајонез и сето соединете го со лажица. Оставете да излади во фрижидер, а пред послужување извадете ја салатата 10-тина минути на собна температура.