Хипертензијата спаѓа меѓу болести кои се во голема експанзија последниве години, а тоа се должи најмногу на нездравиот начин на живеење, лошата исхрана и големата изложеност на стрес. Поради тоа, како главна причина за појава на висок крвен притисок се наведува стресот, односно на нервна база. Повеќе од 40% од луѓето кои имаат над 25 години се погодени од хипертензија.
Ова е рецепт за лековита салата од краставица и лук, кој го намалува крвниот притисок и го подобрува здравјето на кардиоваскуларниот систем ако се консумира редовно.
Потребни состојки:
- 1 краставица
- 3 чешниња лукче
- ½ – 1 лажица јаболкова киселина + неколку лажици вода
Постапка:
Краставицата добро измијте ја и исечкајте ја. Ако е домашна не ја лупете. Излупете го лукот и исечкајте го на ситни парчиња. Состојките ставете ги во сад и прелијте ги со оцетот и водата.
Послужете со мента/нане за ублажување на мирисот од лукот.
Уживајте и бидете поздрави!