САЛАТА ОД БОРАНИЈА: Одличен рецепт за диеталци, дијабетичари и за оние со покачен холестерол…Рецепт и фотографија на Татјана Дубаиќ.

Боранијата се користи на различни начини, но секогаш готвена или бланширана затоа што не може да се јаде сирова поради протеинот фазин кој е отровен.

Со готвење овој протеин целосно се разорува, но не и со сушење. Боранијата се додава на разни салати, чорби и динстани јадења.

Салата од боранија – Рецепт и фотографија на Татјана Дубаиќ

Благодарејќи на специфичниот состав, боранијата е одлична намирница за регулирање на нивото на шеќер во крвта.

Содржи неесенцијална аминокиселина, аргинин кој делува слично на инсулинот, и на тој начин се снижува нивото на шеќер во крвта и урината.

Аргининот не се уништува со готвење, па така боранијата им се препорачува на дијабетичари, најдобро во вид на вариво.

Содржи калиум кој ја издвојува боранијата од останатите видови мешунки.

Калиумот делува како диуретик, поволно влијае врз работата на срцето, го регулира крвниот притисок и помага во исфрлање на штетните материи и вишокот течности од организмот.

Влијае врз намалување на мокрачната киселина, уреата во мокрачата, па така се препорачува и на оние кои имаат проблем со гихт.

Останатите минерали кои ги содржи боранијата покрај калиумот се: калциум, фосфор, магнезиум и во значителна количина железо, па така е делотворна и за анемија, болести на забите, крварење од носот.

Витамините кои ја прават боранијата исклучително здрава намирница се: провитамин А, Б1, Б2, ПП, Ц и Е. Посебно треба да се консумира при намален имунитет, настинки, грип, разни инфекции, екцеми и остеопороза.

Во исхраната има многу голема биолошка вредност, а релативно мала енергетска вредност, па така, според составот повеќе е слична на другиот зеленчук отколку на мешунките.

РЕЦЕПТ

„Син ми се труди да се храни што поздраво. Боранијата не ја обожава, но оваа едноставна салата многу му се допаѓа.

Па еве еден одличен рецепт за сите диеталци, дијабетичари и оние кои имаат покачен холестерол:

Сварете ја боранијата. Во чинијата во која ќе ја послужите помешајте: ситно сечкан лук, сол, ацето балсамико или оцет по ваш вкус, маслиново масло и печен сусам на суво (тостиран на сува тава колку да замириса).

Сварената боранија процедете ја и додека е врела помешајте ја со преливот. Може да се консумира топла или ладна. Има одличен вкус!“, вели Татјана Дубаиќ.

Прочитајте: „Поради овој рецепт ќе се сеќавате на мене: Боранија невидена, ниту пробана досега – врвен рецепт“ОВДЕ.

Салата од боранија – Рецепт и фотографија на Татјана Дубаиќ