Акни, митесери, бубулици … се вообичаена појава на лицето, но честопати знаат да направат воспалителен проблем и да остават трајна дамка или лузна. Всушност, најчесто сами си го „чистиме“ лицето што неминовно остава последици на исклучително нежната и чувствителна кожа на лицето. За да ги одбегнете овие непријатни појави ви препорачуваме ефикасни начини за да се ослободите од нив.

Со редовно чистење, пилинг и хидратација на кожата спречете ја појавата на акни!

Лимон

Исечете еден лимон на половина и протријте го лицето со него. Можете да го исцедите лимонот и со парче памук натопено во лимонов сок да го протриете лицето, и на тој начин да го исчистите. Лимонската киселина одлично делува врз здравјето на кожата. Ова правете го навечер, пред спиење или во зимските денови преку ден, бидејќи изложувањето на сонце после тоа може неповолно да делува врз кожата, односно, да се појават дамки.

Цимет

Овој зачин е познат по своите антивоспалителни својства. Измешајте три лажици мед, лажичка цимет и направете домашна маска. Нанесете ја на лицето и оставете да делува десет минути. Потоа исплакнете и нанесете хидрантен крем.

Зелен чај

Земете две лажици зелен чај и направете напиток (водата да не биде зовриена Односно, тргнете ја од оган токму пред зовривање, кога се појават првите меурчиња). Кога ќе излади, чајот искористете го како тоник за лице. Одлично ќе ја тонира кожата и ќе ја освежи.

Јајце

Јајцето е одлична намирница за затворање на проширени пори. Можете да направете маска од изматено јајце и мед, маската нека отстои 10-мина минути, па исплакнете и нанесете хидрантен крем.

Коцки мраз

Протријте го лицето со коцка мраз, ќе го ублажи црвенилото и ќе го намали воспалението. Ќе направите еден вид масажа со која ќе се подобри циркулацијата, а воедно ќе се затворат проширените пори.