Газанијата е идеална за садење во градината, за камењари или во вази кои би требало да бидат поголеми, бидејќи има поголем корен. Се употребува за садење на сончеви позиции, тераси и балкони, а сенката им одговара само во касните попладневни часови.

Газанијата (лат. Gazania) е ендемично растение од тропските и суптропските предели на Јужна Африка. Овој род содржи околу 16 видови од кои некои се едногодишни, а некои повеќегодишни. Кај нас најчесто се одгледува како едногодишно растение, а во пределите од каде потекнува е повеќегодишно.




Бидејќи потекнува од тропските предели на Јужна Африка, не ги издржува зимските температура кај нас, па поради тоа замрзнува, но во приморските краеви често презимува. Во зима треба да се прекрие со суви лисја за да не се оште-ти од мразот.




Бојата на цветовите варира од бела, кремаста, жолта, златножолта, портокалова до темноцрвена и бледо до темно виолетова, пругасти или со темен прстен во средината на цветот. Може да се појават и неколку варијации од овие бои.




Цветовите стојат на цветни дршки со висина до 25 см и се затвораат при тмурни и облачни денови и во предвечерието. Затоа не се погодни како режано цвеќе. Цветовите се слични на маргаритките.




Може да ја посадите во градината, во сандаче или саксија која треба да биде малку поголемa бидејќи има голем корен. Цвета од април до октомври. Газанијата бара директна сончева светлина, бидејќи помала светлина значи и послабо цветање и растение кое би било понеотпорно на штет-ници и болести.




Преку лето, растението треба добро да се залева, а почвата се остава добро да се засуши пред повторно да се залева. Правилно одгледаните растенија се поотпорни на суша. Растението се сади во лесна, песоклива и добро дренирана почва.




Бананата е најновата подлога што ја користат искусните градинари за ‘ртење на различен вид цвеќиња. Додека за сарделите, постапката за овој метод се подготвува на сличен начин, за африканските маргаритки е уште поедноставно.




Ќе ви биде потребно: банана и свежо поткастрени гранчиња од африкански маргаритки. Најпрво одберете здрави и силни гранчиња од кои треба да се отстранат долните ливчиња.




Од гранчето оставете само 2-3 ливчиња заедно со врвот кој треба да биде неоштетен. Со остар нож исечете го гранчето при дното, но под кос агол. Потоа земете една банана и со мало капаче или некој мал кружен предмет направете вдлабнатини директно во кората кои навлегуваат во јадливиот дел на бананата.




Потоа во секое тркалце боцнете по едно подготвено гранче. После неколку дена гранчињата ќе почнат да ‘ртат и тогаш засадете ги во голема саксија која треба да ја наполните со почва и добро да ја хидрирате со вода.

Боцнете ги гранчињата на растојание и почекајте да дојде пролетта за да ја имате најубавата цветна градина. Покријте го садот со пластично шише за да се заштитат гранчињата и да се создаде еден вид „стаклена градина“, како што е прикажано на видеото во продолжение.

Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ, а текстот за pазмножување на сарделите со помош на банана може да го прочитате ОВДЕ