Потребни состојки:
За белите топчиња:
● 250 г крем сирење
● 50 г шеќер во прав
● 3 лажици густин
● 50 г кокос
● 2 жолчки
За бисквит:
● 2 лажици брашно
● 6 белки
● 4 жолчки
● 30 г шеќер во прав
● 2 лажици какао
● 2 лажици густин
● 100 г чоколадо
● 1 лажичка прашок за печиво
● ванилин шеќер
● прстофат сол
Глазура:
● 100 г чоколадо
● 3 лажици кисела павлака
ПОСТАПКА:
Најпрво пригответе ги белите топчиња: измешајте крем сирење, 50 г шеќер во прав, 3 лажици густин и 2 жолчки. Изматете со рачен блендер и додадете кокос. Обликувајте топчиња со помош на раце кои ќе ги наредите на хартија за печење. Сместете ги во фрижидер.
Во еден сад измешајте 2 жолчки со шеќер во прав и изматете. Чоколадото растопете го на пареа па кога малку ќе излади додадете во смесата со жолчките.
Изматете ги белките и додадете 15 г шеќер во прав. Полека измешајте со смесата од чоколадо.
Во друг сад измешајте две лажици какао, две лажици густин, 1 лажица прашок за печиво, брашно и ванилин шеќер.
Потоа оваа сува смеса помешајте ја со чоколадната смеса. Наредете ги топчињата од сирење и кокос во калап за торти, па прелијте ги со чоколадната смеса.
Печете 35 минути на 180°C.
На крајот прелијте со глазура која сте ја направиле од растопено чоколадо и кисела павлака.
Ви останува само уште да ја изладите и да уживате.