Крофните се одлични!

Потребни состојки: 2 јајца, 5 лажици шеќер, 250 мл млеко, 1 прашок за печиво, 600 г брашно, 6 големи лажици јогурт, масло за пржење, кристал шеќер за валкање

Постапка: 1.Изматете ги јајцата и шеќерот со миксер, па додадете го млекото со постојано матење на средна брзина. Полека додавајте го брашното помешано со прашок за печиво, но мешајте со дрвена лажица. На самиот крај додадете го јогуртот.

Тестото префрлете го на побрашнета работна површина, околу 50-100 г брашно, па месете толку колку да не се лепи на рацете. Не грижете се тестото што е меко, такво треба да биде, бидејќи ако излезе тврдо, тогаш и крофните ќе бидат тврди после печењето.

2.Сега тестото развлечете го, поросете по потреба со брашно, развлечете 1-1,5 см, па вадете крофни со помали модли кои ќе ги ставате на салветка, додека да се потроши тестото. 3.Загрејте го маслото во подлабок сад (може и фритеза).

4.Пржете ги крофните додека да поруменат од сите страни, за да добијат убава кафеавкаста боја. 5.Повторно ставете ги на кујнска крпа и покривајте ги додека сите крофни да се испржат. 6.Готовите крофни валкајте ги во шеќер кристал, или по желба.