Потребни состојки:
Околу 600 г стар леб (целиот леб)
400 мл јогурт
400 мл течна павлака
4 јајца
150 г суво месо или шунка
150 кашкавал
Сол по вкус
И уште по желба:
Сусам за наросување
2 мали коцки путер (20 г)
Постапка:
Лебот исечкајте го на коцкички. Во садот за печење ставете малку маслиново масло или путер, па на дното наредете половина од исечканиот леб. Изматете павлака, јогурт и јајца, посолете по вкус и натопете го филот со половина од филот. Преку филот распоредете ситно сечкана шунка и рендан кашкавал.
Одозгора наредете го остатокот од лебот и прелијте со втората половина од филот. Внимателно со вилјушката измешајте за филот убаво да се впие во лебот. Оставете да отстои околу половина час.
Наросете одозгора сусам и на неколку места ставете по малку путер врз питата.
Печете во загреана рерна на 200 степени додека питата да зарумени.