Ако имате компири не пропуштајте и направете го ова вкусно јадење со мелено месо. Ако немате идеја што да приготвите за утрешниот ручек, еве еден одличен предлог. Многу е вкусно и заситно, а може да се сече и на парчиња. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 3 големи компири, малку маслиново или обично масло, 150 г рендан кашкавал/моцарела, сол, црн пипер, зелечункова мешавина и зачини по ваш избор, 1 главица кромид, 450 г мелено месо, 2 супени лажици доматен сос
ПОСТАПКА: Комоирите исечете ги на тенки тркалца. Плехот намастете го со малку масло и наросете го рендан кашкавал. Наредете тркалца од компир да се покрие целото дно, но секое малку да се преклопува преку следното.
Одозгора премачкјате ги компирите со малку масло и зачинете ги по вкус. Ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени, 20-тина минути. За тоа време ситно исечкјате една главица кромид.
Пропржете ја на малку масло додека да омекне и застакли, па додајте го ренданото лукче и меленото месо. пржете го месото со непрекинато промешување додека да ја промени бојата и да испари вишокот течност.
Додајте доматен сос, посолете и зачинете со зачинки билки, црн и црвен пипер во прав или по ваш избор, па добро промешајте за да се распоредат сите зачини. Извадете го плехот од рерна и врз компирите распоредете го испрженото месо.
Израмнете, па врз него распоредете рендан кашкавал. Вратете во рерна да се допече уште 15-тина минути на 200 степени. Нека ви е на здравје! Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.
За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница. Следно прочитајте: „Мусаката ја правам вака веќе 20 години: Рецептот е врвен, брзо, практично и многу вкусно јадење“ – ОВДЕ.
Мусаката ја правам вака веќе 20 години: Рецептот е врвен, брзо, практично и многу вкусно јадење