РУЧЕК СО ПЕЧЕН КАРФИОЛ, за 30 минути сè е готово, исечкај и нареди, многу вкусно и едноставно. Рецепт на Свежи Рецепти. Ручек со карфиол кој е повкусен и од месо, за оние на диета и што се хранат здраво. Брз витамински ручек кој ќе ве воодушеви со вкус и мирис.
Потребни состојки: 1 главица карфиол (700 г), 2 јајца, 125 мл млеко, 200 мл цврст јогурт (може и павлака), 125 мл масло, 2-3 супени лажици брашно, 1 мала лажичка прашок за печиво, 100-130 г кашкавал, сол, црн и црвен пипер за зачинување.
Постапка: Ручекот се подготвува многу брзо и едноставно, а ако не знаете што да направите како прилог, ние имаме идеја и за тоа. Додека карфиолот се пече, може да го подготвите прилогот – салата со многу вкусен додаток.
Карфиолот се одвојува од срцевината и се сече на помали парчиња. Во тенџере се зоврива вода во која претходно сте додале сол. Во зовриената вода се спуштаат парчињата карфиол и се варат 3-5 минути, па се вадат со поголема цедалка во подлабок, соодветен сад.
Во друг сад подгответе го филот: Изматете со жица 2 јајца, додајте го млекото, солта и црниот пипер и сè измешајте. Потоа додајте го цврстиот јогурт, повторно измешајте и на крај преостанува да го додадете маслото заедно со црвениот пипер.
Соединете во еднолична смеса и додајте го брашното со 1 мала лажичка прашок за печиво. Повторно измешајте и смесата излејте ја врз варениот карфиол и распоредете внимателно затоа што карфиолот по варењето е многу мек и може да се распадне.
Земете керамички сад и намастете го со сончогледово или некое друго масло, па прелијте ја смесата од карфиол и фил. Може да додадете и сезонски зеленчук врз карфиолот. Печете во претходно загреана рерна на 200 степени, 30 минути.
За тоа време изрендајте 100-130 г кашкавал, садот извадете го од рерна и наросете од кашкавалот. Вратете во рерна на истата температура уште 5-7 минути додека површината да фати коричка.
Како прилог на ова јадење, подгответе една многу вкусна витаминска салата. Ќе ви бидат потребни следниве состојки: 6 јајца од препелица, 300 г корејска зелка или обична, 1 краставица, 1 домат, 1 црвена пиперка, малку копар, сол, 1/2 лимонов сок и маслиново масло.
Постапка: Сварете ги јајцата од препелица, а во меѓувреме исечкајте ја зелката на ситно. Краставицата исечкајте ја на кругчиња, а потоа на половина. Потоа ситно исечкајте го доматот и црвената пиперка. Сите зеленчуци ставете ги во подлабок сад.
Одозгора наросете со ситно сечкан свеж копар, посолете и додајте лимонов сок и маслиново масло. Сварените јајца од препелица излупете ги и пресечете ги на половина. Салатата измешајте ја за да се распоредат сите состојки, а одозгора наредете ги јајцата. Послужете заедно со главното јадење. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ.