РОЛАТ ТОРТА…За оваа торта сите ќе ви го бараат рецептот…Не само што е декоративна, туку е превкусна, а постапката е едноставна…

Торта која плени со изгледот, вкусот и леснотијата на приготвување. Направете ја оваа торта што се топи во уста и споделете го вашето мислење. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За темен фил:
100 мл млеко
2 лажици шеќер
100 г чоколадо за готвење
250 мл слатка павлака
1 желатин (10 г)
3 лажици ладна вода
Сад 20 см обложете со проѕирна фолија.

За бел фил:
100 мл млеко
2 лажици шеќер
100 г бело чоколадо
250 мл шлаг
1 желатин (10 г)
3 лажици ладна вода
100 г темно чоколадо

И уште:
2 чоколадни ролати од по 300 г кои можете да ги купите од секој супермаркет.
Сад 23 см обложете со проѕирна фолија.

ПОСТАПКА:

Во тенџере растопете шеќер и чоколадо во млеко, па оставете да се олади. Желатинот растворете го во вода и оставете да набабри. Ладната слатка павлака изматете ја во шлаг, па постепено додајте ја оладената чоколадна смеса.

Желатинот растопете го во микробранова печка, додајте во него 1-2 лажици од кремот, промешајте и сипете назад. сето соединете го во фин, цврст крем. Сипете го во подготвениот сад и оставете во замрзнувач 2 часа.

Повторете ја истата постапка за белиот фил, со белото чоколадо. Во белиот крем додајте ситно сечкано или рендано црно чоколадо.

Во подготвениот сад наредете парчиња исечен ролат, па распоредете 2/3 од белиот фил, па ставете го смрзнатиот чоколаден дел и одозгора распоредете го остатокот од белиот фил.

Повторно прекријте со парчиња ролат. Оставете во фрижидер најмалку 3 часа. Потоа превртете ја врз десертна чинија. Постапката погледнете ја ОВДЕ.

https://youtu.be/nSA_3KDltzk?si=Z4NQ4euTs-z8OdMB