РОЛАТ СО МАК: Слаткарски рецепт за тенко тесто преполно со фил – вкус кој не се заборава!Вистинскиот ролат (штрудла) со афион е оној кој е богат со многу фил. Денес ви го откриваме рецептот за најбрзиот ролат со афион (мак) во презентација на Валентина Машковиќ. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ за фил: 400 г мелени семе од афион (мак), 400 мл слатко млеко, 100-200 г шеќер по вкус, 1 кесичка ванилин шеќер, 3 лажици џем од сливи и 3 белки
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ за тесто: 3 жолчки, 4 лажици шеќер, 1 прстофат сол, 15 г квасец (1 коцка), 1 кесичка прашок за печиво, 1 кесичка ванилин шеќер, 150 мл млеко, 250 г маргарин или путер или домашна маст, 550-600 г брашно, малку ситно рендана кора од лимон
ПОСТАПКА: Направете го филот така што ќе го натопите афионот во топло млеко во кое сте го измешале шеќерот. Кога афионот ќе го впие млекото и ќе „набубри“, додајте ванилин шеќер, изматените белки и џемот од сливи.
Направете го тестото со мешање на сите наведени состојки: 3 жолчки, шеќер, ванила, сол, прашок за печиво, изронет квасец, рендана кора од лимон и брашно. Брашното додавајте го постепено додека замесувате, најпрво 300 грама, па кога ќе го додадете путерот додајте го и остатокот од брашното.
Тестото треба да меко, па штом стане компакно и не се лепи за рака, не му додавајте повеќе брашно. Не смее да биде тврдо! Обликувајте го во топка и спуштете го на набрашнета работна површина. Не се остава да ферментира, ниту да одмора.
Веднаш развлечете го што потенко со правоаголен облик, па премачкајте го со подготвениот фил. Кога ќе го свиткате огромниот ролат пресечете надолжно на половина и сплетете го во плетенка. Ролатот-плетенка пресечете го според саканиот калап (на два или три дела).
Ставете го во плех обложен со хартија и печете го 15 минути во претходно загреана рерна на 200 степени Целзиусови, а потоа уште 25 минути на 180 Целзиусови степени. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.
За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница. Следно прочитајте: „ДОМАШЕН КОЗИЊАК (СО КОНЦИ): Ова се сите тајни за најпознатото велигденско слатко лепче сплетено како плетенка“ – ОВДЕ.