Јаткастите плодови содржат незаситени масни киселини и други хранливи материи. Tие се одлична храна за ужина – евтина, лесна за складирање и лесна за пакување кога сте во движење. Еден недостаток на јаткастите плодови е тоа што некои од нив се доста калорични, па затоа е важно да се ограничат порциите.
Јаткастите плодови се храна богата со хранливи материи, кои содржат најмногу витамини и минерали кои му се потребни на телото. Тие се еден од главните извори на АЛА омега-3 масни киселини, кои нудат низа здравствени придобивки како намалување на ревматоидниот артритис до заштита од Алцхајмерова болест и деменција.
Јадењето јаткасти плодови секој ден, како дел од урамнотежена исхрана може да биде одлично за вашето здравје. Јаткастите плодови содржат здрави масти, минерали и хранливи материи кои не само што ги прават одлична ужина туку и претставуваат здрава храна за срцето. Еве што ви е потребно за овој здрав ролат од јатки:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 50 г семки од сончоглед, 50 г семки од тиква, 200 г урми без семки, 200 г суви кајсии, 80 г бел сусам, 80 г ореви, 1 лажица рендана кора од портокал или некој друг цитрус, 1 лажичка течна ванила.
Коментар и идеја на читател: Денес го направив овој ролат. Користев природно засладени суви сливи, урми и кајсии. Ги удвоив количините за семките и јаткастите плодови и додадов малку цимет. Откако темелно измешав, употребив 25 грама од смесата и формирав топчиња и потоа ги извалкав во сусам.
Направив уште една серија користејќи исечени бадеми, ореви од пекан, гоџи бобинки, кајсии и урми. Наместо топчиња ќе ги притиснам во правоаголен сад и ќе ги исечам на квадрати. Најдоброто нешто за овој рецепт е комбинирање на здравите масти од јаткастите плодови со природниот шеќер од сушено овошје.
ПОСТАПКА: Сончогледовите семки и семките од тиква кои треба да бидат излупени, се ставаат во едно непелпливо тавче и се пропржуваат на рингла на ниска температура, додека да заруменат, со повремено мешање. Тостирањето е добро за да се ослободи од нив убавата арома и да станат крцкави.
Урмите се сечат на половина, од средината се вади семката, па се сечат на помали парчиња. Сувите кајсии се сечат на ситни коцки и се складираат настрана. Во блендер се ставаат урмите, а одозгора се додава половина од сувите кајсии. Смесата се блендира додека да се добие конзистентност како на влажен песок.
Вака подготвената смеса се префрла во еден подлабок сад, па во него се додава 50 г сусам, пропржените сончогледови семки и семките од тиква, малку рендана кора од портокал за арома (може и од друг цитрус) и ванилата.
Оревите се сечкаат на многу ситни парчиња, може и да се изблендираат, но повкусни се кога се чувствуваат ситни парчиња од нив. Оревите се додаваат заедно со половина од ситно сечканите суви кајсии. Целата смеса се замесува со рака додека да се соединат сите состојки.
На рамна површина се постелува проѕирна фолија. На средина се става смесата, се затвора со фолијата и се формира ролат со средна дебелина со помош на дланките. Ролатот треба да биде фино стегнат и да не се распаѓа. Потоа, се одлепува од фолијата, а на неа се додаваат 30 г бел сусам.
Ролатот повторно се рола низ фолијата, додека целиот да се обложи со белиот сусам. Вака подготвениот ролат останува завиткан во проѕирната фолија и се става во фрижидер да се стегне 2-3 часа. По изминатото време, може да се послужи на помали парчиња. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.