Фото и рецепт: Верица Николиќ – Похуван модар патлиџан
Не е никаква мудрост да се испохува модриот патлиџан, но пробајте со овој начин на сечење кој го видов на еден сајт. Многу убаво изгледа на чинија…
Потребни состојки:
1 модри патлиџани со средна величина
2 јајца
1/3 лажичка лук во прав
1/3 лажичка црн пипер во прав
презла (лебни трошки)
сол
масло
Постапка:
Од модриот патлиџан отстранете ги ливчињата покрај дршката (дршката оставете ја). Пресечете го на половина, по должина. Земете ја едната половина од модриот патлиџан и положете го на рамната страна врз работната површина.
Исечете го на 5-6 делови, но така што 1 см до дршката да остане неисечен. Посолете добро од сите страни и ставете го во сад под кој ќе подметнете чинија за да биде садот под агол. Ова се прави за да може да се исцедува вишокот вода од патлиџанот. Оставете вака да отстои половина час. Потоа со рацете лесно притиснете го и исцедете го остатокот вода.
Во соодветен подлабок сад изматете ги јајцата со виљушка, додадете лук, црн пипер и сол по вкус. Во друг сад ставете лебни трошки. Земете ја половината од патлиџанот и натопете ја убаво во јајцата (внимавајќи и расечените делови да се натопат), од двете страни, а потоа во презлата.
Во нелеплива тава загрејте масло на умерена температура, со длабочина од 1 см. Во загреаното масло спуштете ја приготвената половина од патлиџанот и со виљушката раздвојте ги исечените делови, да се добие облик на лепеза. Дпжете додека долната страна да зарумени, па свртете да се испржи и другата страна.
Пржениот домат вадете го на хартиена салветка за да се впие вишокот маснотија. Послужете со прилог по желба.
Фото и рецепт: Верица Николиќ