Доколку сте и вие љубители на пити и гибаници, овој нов рецепт ќе ве воодушеви. Вака подготвен, неверојатно е мека и вкусна, а на вашата маса ќе биде за само 20 минути.
Откако ќе ја пробате, ќе сакате да ја правите повторно и повторно, бидејќи неговиот залак е незаборавен. Уживајте и пријатно јадење. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 г готови (купечки) тенки кори, 500 г сирење по избор, 4 јајца, 180 мл јогурт (1 чаша), 180 мл газирана вода, 100 мл масло, 2 лажички сол, 1/2 кесичка прашок за печиво, сусам, лен за посипување
ПОСТАПКА: Рерната вклучете ја да се загрева на 200 степени. Во подлабок сад скршете 4 јајца, додајте 1 чаша јогурт (180 мл), 100 мл масло, 180 мл газирана вода, половина кесичка прашок за печиво, две мали лажички сол и сето добро измешајте со рачна маталка.
Во мешавината додајте го сирењето (јас користев крем сирење, а вие користете какво сакате). Промешајте да се изедначи и вашиот фил е готов. Плехот со средна големина намастете го со малку масло и на дното поставете две кори, здиплени (превиткани) на половина.
Тргнете настрана уште две кори за одозгора. Земете една кора и згужвано натопете ја во филот, па ставете ја во плехот. На овој начин покријте го дното на плехот со натопени кори. Не ги притискајте многу за гибаницата да биде воздушеста.
Одозгора покријте со оние двете кори кои ги тргнавте настрана и премачкјате ги со остатокот од филот. Сипете семе и семки по избор, па ставете да се пече во загреаната рерна додека да зарумени, 20-тина минути.
Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ. За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница. Следно прочитајте: „ГИБАНИЦА ОД 3 СОСТОЈКИ: Готова е за час, натопи, исцеди и нареди во плехот, вкусот ќе ве врати во детството“ – ОВДЕ.