Фото и рецепт: Сузана Ел-Зеин
Наизглед обичниот лист од смоква крие голем потенцијал како во гастрономијата, така и во миксологијата.
Потребни состојки:
1 литар вода
1 кг шеќер
10-30-тина свежо набрани листови смоква
Постапка:
Наберете свежи листови од смоква и добро измијте ги. Загрејте еден литар вода и во неа растопете еден килограм шеќер. Водата и шеќерот секогаш нека бидат со однос 1:1.
Тргнете го тенџерето со растопениот шеќер од оган и ставете внатре 10-тина измиени листови од смоква.
Водата не смее да биде потопла од 80 степени. Оставете водата така да се олади и инфузира со вкусот. Кога целосно ќе излади сирупот, преточете го во стаклено шише и чувајте го во фрижидер до еден месец.
Сирупот може да се користи како освежителен сок ако се разредува во однос 1:9 во вода со мраз и малку лимон или лимета. Може да се додава во летен коктел или да се прелива преку палачинки, сладолд од ванила или пана кота.
Фото и рецепт: Сузана Ел-Зеин