Секогаш кога ве гребе грло или поткашлувате, можете да отидете до најблиската аптека и да купите сируп или пастили кои ќе ги ублажат тегобите. Меѓутоа, секогаш можете и сами да си приготвите одличен природен лек кој ќе ги реши вашите проблеми.
Сирупот се приготвува од три состојки за кои има голема веројатност дека веќе ги имате дома. Потребни ви се неколку ловорови листови, лимон и мед или шеќер.
Ловоровиот лист често се користи во кујната како додаток на јадењата, давајќи им посебна арома, а есенцијалното масло од ловор е одлично за ин-халација и дезинфекција на просториите, особено за време на сезоната на грип.
Лисјата на ова зимзелено растение се богати со разни минерали, витамин Б и претставуваат одличен избор за заштита на имунитетот поради антисептичките и антиинфламаторните ефекти.
Само три состојки се потребни за подготовка на сирупот, а тоа се: ловоров лист, вода и кафеав шеќер или мед. Потребни состојки: 6 суви ловорови листови, 1 лимон, 3 – 4 лажички кафеав шеќер или мед
Постапка: сад со 250 мл вода ставете го на оган да зоврие. Додајте 6 шест суви ловорови листови во водата и гответе под капак 5 до 10 минути. Извадете ги листовите и процедете ја течноста во друг сад.
Додајте го медот или шеќерот и сокот од еден лимон, па измешајте сè добро. УПОТРЕБА: Земајте по една лажичка сируп до трипати на ден, особено кога имате теш-ки напа-ди на кашлица.
СИРУП ОД ПИВО – ја смирува кашлицата а делува уште истиот ден
Овој сируп е познат кај народот уште многу одамна а се применува за смирување на кашлицата, бидејќи делува брзо и ефикасно уште истиот ден. Затоа, многу е важно, штом почувствувате дека сте настинале и почнувате да кашлате, направете си го овој сируп од две состојки.
Потребни состојки: 150 г шеќер и 500 мл пиво
Постапка: Ставете го шеќерот во тенџерче и загревајте го на умерен оган додека започне да се растопува и да се карамелизира. Повремено промешајте додека целиот шеќер да се растопи.
Тенџерето тргнете го на страна за кратко и додајте го пивото. Пивото додавајте го постепено. Потоа тенџерето вратете го на оган и смесата варете ја точно 20 минути на умерена температура. Доста од течноста ќе испари, а ќе добиете сируп кој по густина е сличен на медот.
Повремено промешувајте додека убаво да се растопи карамелизираниот шеќер. Додека мешате смесата може да пени, а пената да расте и да се подига, па затоа најдобро би било да користите некои повисоко тенџере за да спречите претекување на смесата.
Овој сируп по начинот на приготвување е многу сличен на шербетот, со тоа што шеќерот претходно треба да се карамелизира и наместо вода се додава пиво. Пивото содржи некои состојки кои зготвени на овој начин се многу лековити.
Ал-кохолот при готвењето испарува, така што сирупот е целосно безбеден, па може да го користат и деца со кон-султација на нивниот лекар. Возрасни земаат по една супена лажица од овој сируп, а децата по една мала, кафена лажичка, пред оброк.
За сува кашлица во сирупот се додава и една лажичка сув лист од нане. Готовиот сируп складирајте го во стаклена тегла откако ќе се олади. Чувајте го во фрижидер. „Овој сируп мене многу ми помогна лани кога цели два месеци имав сува кашлица.
Веќе не знаев што да направам, па го пробав овој сируп, нема што да се изгуби, а може да се добие. Да бидам искрена, се сомневам дека еден обичен шеќер и едно обично пиво можат толку да помогнат, ама ете јас сум сведок за делотворноста на сирупот“ – Катерина