Брза плазма торта која не се пече, а за да ја приготвите потребни ви се само 10 минути. Ќе ви претставиме неколку рецепти за одлични плазма торти, сите брзи и сите се многу вкусни. Плазма тортата е секогаш добредојден гостин на секоја семејна трпеза, без разлика дали се работи за родендени, прослави, годишници или други поводи.




Тоа е состојка која децата особено ја обожаваат. Овојпат ви го пренесуваме рецептот за најбрзиот плазма колач кој се подготвува за 10 минути и се лади половина час. Тоа значи дека за помалку од еден час ќе имате вкусно yживање на трпезата. А еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 400 г мелени плазма бисквити, 150 г растопен путер, 50 мл сок од лимон, 500 мл млеко, 4 лажици шеќер, 4 супени лажици густин, 1 жолчка од јајце. екстракт од ванила, 60 г бело чоколадо, 100 г маскарпоне, 100 мл млеко




ПОСТАПКА: Измешајте ја плазмата со растопениот путер и додајте сок од лимон или портоакл, по вкус. Добро измешајте со шпатула. Треба да добиете смеса со конзистенција на малку влажен песок. Притиснете нешто повеќе од половина од смесата со плазма во калапот на дното. Калапот за торти има флексибилен обрач со димензија од 25 см.




На страна изматете ја жолчката со малку млеко и додајте го густинот. Промешајте додека да добиете изедначена смеса без грутчиња. Во тенџере на оган истурете го остатокот од млекото, додајте шеќер и разматениот густин со жолчката, и малку екстрактот од ванила, по вкус. (Можете и сите состојки одеднаш да ги ставите во тенџере и да ги изматите).




Промешајте и доведете до вриење. Мешајте додека да се згусне. Во врелиот фил додајте го белото чоколадо, промешајте додека да растопи. Потоа додајте го и маскарпонето, па промешајте со шпатула или жица за матење. Прелијте го филот врз плазмата, израмнете (оставете по половина см од страните) и одозгора наросете го рамномерно остатокот од плазмата.




Потоа полека прелијте со 100 мл млеко. Тортата пставете ја во замрзнувач да се стегне половина час (не повеќе). Па така, за помалку од еден час, на трпезата имате прекрасна торта. Одозгора наросете ја со шеќер во прав или декорирајте со шлаг и мелени ореви, кекси, по желба.




ВТОР РЕЦЕПТ: Брза плазма торта која се прави за 15 минути. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 г плазма мелени бисквити, 200 г мелени лешници/ореви, 200 г шеќер во прав, 200 г путер/маргарин за колачи, 100 г чоколадо (млечно или за готвење), 200 мл сок од портокал, 10 крем банани и 200 мл слатка павлака за шлаг или 2 кесички шлаг изматени со млеко според упатството




ПОСТАПКА: Растопете го путерот и чоколадото. Биксвитите, оревите или лешниците и шеќерот измешајте ги, па додајте сок и растопен путер и чоколадо. Добро соединате со раце. На тепсија или тацна ставете фолија.




Филувајте: смеса, крем банани, смеса. Израмнете ја тортата од сите страни и оставете во фрижидер да отстои околу еден час. Превртете ја тортата на тацна, отстранете ја фолијата, уште малку обликувајте и премачкајте во дебел слој со шлаг. Деталите погледнете ги ОВДЕ.