Природно е средството, се приготвува лесно, а состојките веројатно веќе ги имате во кујната.

Проблемот со опаѓање на косата е општ проблем кој погодува многу луѓе, независно од годините. Недостиг на витамини, стрес, траума на косата, неквалитетна козметика за коса – сето тоа како краен резултат доведува до губиток на косата.

Проретчување на косата не е само физички недостаток, туку моѓе да биде предизвикан и од психолошки пореметувања и стрес.

Ова е еден рецепт од ефикасно средство против опаѓање на косата. Природно е, се приготвува лесно, а состојките веројатно веќе ги имате во кујна.

Најдоброто природно средство против опаѓање на косата – рецепт.

Потребни состојки:

3 супени лажици цветови од камилица
3 супени лажици исечкан ловоров лист
200 мл вода

Постапка:

Прелијте ги цветовите од камилица и ловоровиот лист со зовриена вода. Поклопете и оставете да отстои околу 3 часа. Процедете.

Темелно втријте во коренот на влажна и измиена коса, но никако не ја мијте косата после постапката. Оставете да си делува и да се впива во кожата.

Едноставно, заборавете дека овој природен балсам сте го втриле, бидејќи нема никој да забележи. Може многу слабо да се забележи пријатен билковен мирис.
Постапката повторувајте ја 2-3 пати седмично, односно секој пат кога ја миете косата.

Ова е на некој начин, лекување кое треба да се спроведе во текот на еден месец. За целосно закрепнување и престанок на опаѓањето на косата потребни се околу 25-30 третмани.

По потреба, можете да го повторите третманот, со пауза од еден месец. Бидете упорни, не заборавајте да си го приготвите овој природен балсам неколку часови пред да ја измиете косата. Вашата коса ќе ви биде благодарна.

против опаѓање на косата