Британскиот фризер се колне во моќта на овој домашен шампон, а може да му веруваме со оглед на бројните задоволни клиенти, па дури и ако ги разгледаме состојките од кои се приготвува овој шампон – добро познати, со кои и нашите баби порано ја третирале косата.
Познатиот британски фризер Ози Ризо откри рецепт за едноставен и евтин домашен шампон кој може да ја препороди оштетената коса. Тој тврди дека со редовна употреба на овој шампон можете да се ослободите од вишокот маст, но и да се обнови косата и да и се врати сјајот.
“Сода бикарбоната ја чисти косата така што заштитниот себум го претвора во сапуница, ги отстранува било каквите остатоци од производите што се користеле претходно за косата и ја “детоксицира” кожата на главата и косата.
Оваа состојка ќе го отстрани вишокот масло кое го произведуваат лојните жлезди за заштита и еластичност на влакното, а ќе ја отстрани и нечистотијата која многу лесно се лепи на масната коса. Ова го постигнува со помош на абразивната текстура на самата смеса.
Делува како пилинг на кожата од главата, ја враќа мекоста и сјајот на косата и го отстранува непријатниот мирис кој честопати знае “да се заглави” во самата коса бидејќи таа има “апсорбирачки” својства – тврди фризерот.
За да го приготвите овој домашен, а природен и ефикасен, лековит шампон ќе ви бидат потребни само неколку состојки и тоа: 1 мала кесичка сода бикарбона, вода, празно шише и потрошен шампон, јаболкова киселина и некое есенцијално масло по ваш избор.
Постапка: Измешајте една лажица сода бикарбона со една чаша вода и по желба додадете неколку капки етерично масло по ваша желба, за да добиете пријатен мирис. течноста претурете ја во празно шише и добро протресете го за да се раствори содата.
Шампонот нанесете го на косата, втријте го во темето и оставете го неколку минути за да делува. А после тоа исплакнете убаво со млака вода. перењето на косата завршете го така што косата ќе ја исперете со мешавина од вода и јаболкова киселина во однос 4:1.
Значи на 4 лажици вода се става една лажица јаболкова киселина. количината пригответе ја според потребите, односно според тоа колку ви е долга косата. на овој начин се враќа балансот на рН вредноста и косата добива висок сјај, ист како на девојките од рекламите.
Фризерот напоменува дека овој шампон не е погоден за лица кои имаат чувствително теме или имаат претерано сува коса. Не заборавајте дека косата не треба да ја перете со премногу вреле, ниту со премногу ладна вода. Користете умерено топла/млака вода.