Доколку сакате да ослабете и да се ослободите од вишокот килограми, мора сериозно да се посветите на тоа. За жал, килограмите полесно “се ставаат” отколку што се губат. Затоа, потребна е посветеност и упорност и тогаш кога ви се чини дека сте ја изгубиле битката.

Нема тука некоја голема мудрост доколку сте здрави и немате некое метаболичко заболување. Едноставно внимателно бирајте што ќе јадете и повеќе движете се.

Освен што треба да ги ги исфрлите слатките и белите печива, односно она што најмногу ве дебелее, потребно е пронајдете и некој стимуланс кој ќе ви помогне да го забрзате тој процес.

За оние што сакаат брзо да се ослободат од килограмите, би можеле да го испробаат овој здрав оброк со кој ќе ја заменат вечерата, па да ни ги јават резултатите. Кај многумина делува многу ефикасно.

Овој оброк делува како лаксатив и помага секое утро да се исчистат и испразнат цревата, меѓутоа, токму поради лаксативното својство не смее да се користи подолго од седум дена.

Потребни состојки:

1 чаша кефир (вид пробиотички јогурт)
1 јаболко
1 лажица цимет во прав

*За кефирот веруваме дека сите сте запознати колку е тој здрав напиток, но за оние што не слушнале за него:

-Кефирот е вид млечен производ сличен на јогуртот кој се добива со ферментанција на млекото со помош на кефирни зрнца. Кефирот е одличен пробиотички производ кој е особено погоден за цревата и целиот дигестин систем, со што го зголемува имунитетот и општото здравје на организмот.

Постапка:

Изрендајте едно јаболко, додадете една чаша кефир и наросете една лажица цимет во прав. Изедете го ова наместо вечера. После неколку дена ќе забележите дека подуеноста на стомакот ја нема и тој се израмнува.

Оваа каша е одличен пробиотик, совршено ги исфрла токсините од организмот. Меѓутоа, за да ослабите во следните 10 дена, мора да јадете здраво: исфрлете ги слатките работи, газираните пијалаци, белите печива и нездравите грицки.

Јадете колку повеќе можете свежо овошје и зеленчук. Јадете почесто, но помали оброци а меѓу нив дека има најмалку растојание од два часа.

Исто така, се препорачува брзо одење во траење од половина час или еден час, секој ден, по можност да го менувате темпото и брзината (на секои 5-10 минути да забрзувате/успорувате). Резултатите ќе ве воодушеват!